Игор Јанушев во Пехчево: Младите секојдневно ја напуштаат државата и многу градови остануваат празни

Продолжуваме со Разговорите за Обнова на Македонија и денеска сме во посета на Пехчево каде што имавме можност да поразговараме со граѓаните, за реалните проблеми кои што се случуваат во секојдневното живеење.

Она што е слика за целата држава, можеби најдобро е да се забележи во овој крај од нашата држава, она што вчера ја слушнавме катастрофално лоша изјава на претседателот Пендаровски всушност е секојдневие во последните година дена овде во Пехчево.

Зборувам за иселувањето особена на младите кои што секојдневно ја напуштаат државата и за жал овие убави градови во можеби најубавиот дел од Република Македонија, остануваат празни.

Она што како ВМРО-ДПМНЕ го преземаме како обврска од разговорите со граѓаните е да направиме се што можеме, да создадеме услови во нашата држава за прво да ги спречиме младите да се иселуваат, а секако дека и во блиската иднина сите оние кои што се иселиле да ги мотивираме преку работа и само работа да се вратат назад во нашата држава.

Неработењето и неспособноста на оваа влада како на централно, така и на локално ниво е нешто што го гледаме буквално секој ден.

Иако во Пехчево имаше огромни ветувања од страна на локалната власт, овде сме на градскиот плоштад каде што можеме да видиме дека буквално едно камче не е помрднато, една шајка не е закована, една светилка не е заменета. Ниту градскиот плоштад е реновиран, ниту е средено речното корито овде во Пехчево, ниту се реализирани кружните текови кои што ги најавуваа и ги лажеа и манипулираа граѓаните во време на предизборието.

Исто така да не заборавиме и да ги потсетиме граѓаните дека нема ништо од модернизацијата, односно унапредувањето и пуштањето во функција на водоводниот систем.

Она што имам да го порачаме овде од Пехчево а се однесува на земјоделците е дека граѓаните се жалат на селективна и ненавремена исплата на субвенциите, без разлика на сите пофалби и обиди за манипулации и предизборен поткуп што го слушаме од страна на власта.

Она што имаме да им го порачаме од победничко Пехчево е дека Обновата доаѓа. На 12 април Заев паѓа, а Република Македонија конечно почнува да оди напред.

Изјава за медиуми на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер