Ибрахим нема раце, па сепак учествува на врвните светски натпревари во пинг-понг (ВИДЕО)

Египќанецот Ибрахим Хамаду (51) стана интернет сензација, откако на платформата Јутјуб беше објавено видеото „Ништо не е невозможно“.

Потоа го покажа својот талент како специјален гостин на Светското првенство во пинг-понг во 2014 година, кое беше организирано во Јапонија.

Две години подоцна, Ибрахим беше подготвен за светската сцена. Учествуваше на Параолимписките игри во Рио, каде ја претставуваше својата земја.

Ги загуби двата меча, но стекна почит и ја воодушеви публиката со својот уникатен стил на игра.

Ибрахим ги загубил рацете во несреќа, но тоа не го спречило да се бори за своите соништа. Неговата приказна никого не остава рамнодушен.

Како десетгодишник ги загубил рацете во железничка несреќа. Сè уште се сеќава како се заинтересирал за пинг-понг.

-Ги гледав моите пријатели како играат, а еден од нив ме задеваше дека никогаш нема да можам да земам рекет. Тогаш си поставив предизвик.

Во текот на 1986 година тој посериозно се заинтересирал за оваа дисциплина и му требале три години да ги воспостави темелите на својот необичен стил.

Секој ден вежбал сам, поставувајќи маса пред ѕидот.

- Тренирав два пати на ден, рано наутро и доцна навечер. Го избрав ова време бидејќи живеев на село. Бев срамежлив и не сакав луѓето да ме исмејуваат.

Така, Ибрахим го држи рекетот во уста и ја сервира топката со десната нога. Затоа не е изненадување што привлекува огромно внимание на меѓународната сцена - и подеднакво ги привлекува медиумите и публиката.

Три децении подоцна, тој се натпреваруваше во Рио, а потоа и во Токио 2020 година, каде што повеќе се фокусираше на перформансите. Покрај тоа што играше во сингл, тој стигна до четвртфиналето во машката екипна класа со 6-7.

Ибрахим учествуваше и на други спортски настани, како што е Африканското првенство во 2022 година, каде што освои сребрен медал.

Храброста и уникатниот стил го направија познат, но мораше да размислува и за последиците. Во пресрет на Параолимписките игри во Токио замина на лекување, со поддршка од бројни организации, а најголема грижа му беа забите.

- Воопшто не е лесно. Особено е предизвик што мојата техника врши притисок врз грбот, нозете и забите. Се обидов да користам штитник, но не можев да го држам рекетот како што треба, па го оставив - објасни спортистот од Египет.

Денеска, четири месеци пред летните игри во Париз, Ибрахим сонува нови соништа и заедно со сопругата одгледува три деца.

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

 Во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчераутро во 8:30 часот пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Анчелоти ќе го има на располагање Куртоа за најважните натпревари

Тибо Куртоа ќе се врати на теренот пред крајот на тековната сезона, објави „Relevo“би можел да се врати на теренот терените оваа сезона.

Белгискиот голман нема играно од август поради скинати вкрстени лигаменти на колено и повреда на менискусот.

Во Реал Мадрид веруваат дека 31-годишниот голман ќе учествува во најважните натпревари оваа сезона.

Забележано е дека клубот ја цени и играта на Андреј Лунин, кој „ги надмина сите очекувања“. Сепак, во Реал признаваат дека Украинецот се уште не е на нивото на Белгиецот. Тоа се изразува во неговото влијание врз одбранбените играчи и акциите при слободните удари.

По првиот натпревар со Баерн, стручниот штаб на Реал Мадрид му замери на Лунин за некои грешки - на пример, во епизодата со голот на Лерој Сане.

Реал води во Ла Лига со 84 бода по 33 кола. Шпанците ќе го одиграат реваншот со Баерн во Лигата на шампионите на 8 мај. /МИА

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

„Овој терор може да се запре само со сила - силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели. /МИА

притисни ентер