И рекле дека ќеркичката не го преживеала породувањето , а по 30 години дознала дека има жив син (ВИДЕО)

Откако направила ДНК тест , Тина Бајарано дознала дека нејзиното дете ,з а кое и рекле дека починало при породувањето , е живо и здраво и има 30 години.

Бајерано го родила своето второ дете на 17 години , а мајка и , која ја злоставувала , и рекла дека може да задржи само едно дете. По породувањето на бебето и го дала името Кристин.

,,Мајка ми ми кажа дека бебето починало 15 минути откако се родило. Не ме пуштија да го видам телото на моето мало девојче. Секоја година на тој датум ми беше тешко. Бев депресивен и постојано плачев “, открива Тина.

Тина направила ДНК-тестирање со нејзината прва ќерка Тифани, а кратко време по тестот, таа добила е-пошта која го сменила нејзиниот живот.

„Мислам дека треба да разговараме. Тука се вели дека сме во крвна врска и дека вие сте мајка ми“, било напишано во писмото.

Наместо ќерката што мислела дека ја родила, Бејарано тогаш дознала дека има син бидејќи Кристина решила да го смени полот.

„Не ми е грижа за промената на полот, тоа е моето бебе. Среќна сум што е жив“, рече Тина.

Пет дена по раѓањето, Кристин го посвоило семејство од Лас Вегас. Тој денес има 29 години, а по промената на полот, живее со сопругата и детето во Њу Џерси. Последниве неколку месеци, Бејарано е во контакт со своето дете и тие планираат да се сретнат кон крајот на ноември.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер