И пчелниот воздух корисен за здравјето на луѓето

 По медот, поленот, прополисот..., веќе познати корисни производи од пчелата, и воздухот што го создаваат околу нивните сандачиња е лековит.

Таканаречената „Air therapy“ се спроведува во специјални АПИ комори кои веќе се отворени и во Македонија. Покрај Русија, оваа терапија се користи и во Германија, Бугарија, Австрија, Словенија и Босна и Херцеговина. Полезна за секој, а особено за белодробни заболувања.

Ѓорги Златинов, пчелар од Скопје, кој се занимава четири години со пчеларство ги отвори првите Апи комори во Македонија. Идејата, вели, дојде од моја блиска драга личност, која истражувајќи по интернет го пронајде видеото во Русија каде беа прикажани неколку АПИ Комори, а потоа заеднички следуваа натамошни истражувања и реализација на инвестицијата што чинеше над 600 илјади денари.

- Изградивме две Апи Комори, а целата идеја ја реализиравме за краток период од една година. Лани почнавме со поставувањето на темелите и со интензивно работење успеавме да ги отвориме пред три недели, истакнува Златинов.

АПИ Комора, како што ја појаснува тој, е цврст објект во кој се сместени сандачиња со пчели, во кои се инхалира воздухот. Објектот е направен од природен материјал, заштитен со еколошка боја. Вдишување на воздухот е директно од сандачето со пчели, и да не постои недоразбирање, пчелите не можат да влезат внатре тие излегуваат надвор преку својата врата и така нормално функционираат.

На сандачињата се наоѓаат инхалатори преку кои се врши инхалација. Ширината е доволна за да може комотно да се седне и да се престојува.

Во АПИ комората може секоја да влезе и да биде корисник на оваа терапија. Златинов истакнува дека со инхалацијата се вдишуваат матичен млеч, полен, нектар, прополис, перга, мед.

- Тоа е една мала лабораторија каде испаруваат етерични масла од сите тие пчелни производи. Прополисот кој пчелата го носи е најако антибактериско средство во природата.Таа со прополисот кој го носи во кошницата врши дезинфекција на просторот во која живее. Секоја ќелија во која се полагаат млади јајца, која ги полага матицата мора пред секоја употреба да биде прополисана која пчелата го донела од природата, посочува Златинов.

Лечење со воздухот од кошницата AIR THERAPУ за респираторни болести

Во поголем број земји постои здравствен третман познат како AIR THERAPУ - терапија со воздух од кошница која има успешни ефекти во лечење на многу респираторни боелсти. Пчелите со своето движење и работа во кошницата произведуваат аеросол, кој содржи етерични масла, прополис, мед и восок, матичен млеч, перга, ароматични материи и фитонциди од цветовиот нектар и восокот што се испарува од кошницата и го дезинфицира воздухот во пчеларникот до 200 метри.

- Воздухот во кошницата ги стимулира органите за дишење, желудачно цревен и кардиоваскуларниот и нервниот систем. Аеростимулансите од кошницата ја подобруваат работата на белите дробови и го подобруваат имунитетот, вели Златинов.

Тој додава дека кога АПИ Комората работи, кога се активни пчелите тоа значи дневно најмалку 1000 положени јајца и исто толку оброци матичен млеч.

- Пчелата внесува полен, внесува нектар, произведува восок, перга, произведува мед и се се работи во една мала лабораторија каде испаруваат етеричните масла од сите тие пчелни производи. Специфичност на воздухот е тоа што сите тие етерични масла се ослободуваат и одат во природата и се шират и до 200 метри околу пчеларникот. Предност во инхалирањето е што тој воздух ние го внесуваме во белите дробови таму каде што ни е потребен, истакнува Златинов.

Според него терапијата е препорачлива за болни од бронхиална асма, бронхитис, алергија на полен, хронични белодробни заболувања, ослабен имунитет, хронични главоболки, мигрени, стрес, депресија.

Златинов појаснува дека инхалациите се прават двапати по 25 минути со пауза од 40 минути. Следна е после 48 часа. Подобрувања треба да се почувствуваат после пет третмани, а, според него, препорачливо е да се напрват пет третмани во период од 10 дена.

АПИ Коморите се наоѓаат во општина Сопиште помеѓу селото Нова Брезница и Браната Козјак во местото Рудина, во преубава природа и чиста средина.

Златинов вели дека почнал како хоби, но интересот и љубовта кон пчелите се повеќе растела. Сака да се развие пчеларскиот туризам, како и во поразвиените земји./МИА.

ОЈО: До затворањето на избирачките места,изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања

Од информациите добиени од јавните обвинителства во државава, во ОЈО Кавадарци оформен е предмет по поднесено известување против лице од Неготино.

Од информациите добиени од јавните обвинителства во државава, во ОЈО Кавадарци оформен е предмет по поднесено известување против лице од Неготино кое било пријавено од граѓанин за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од член 160 од Кривичниот законик. Според наводите, пријавената телефонски се обидела да влијае кај пријавителката да гласа за една политичка партија, напоменувајќи дека е корисник на ИПАРД помош. Предметот е во предистражна постапка и се преземаат дејствија за да се утврди дали постојат елементите на пријавеното кривично дело или друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Во ОЈО Кочани примени се известувања од МВР за пријавени настани поврзани со организирано носење на гласачи на избирачко место. Јавен обвинител веднаш даде насоки за проверка и прибирање податоци дали при превозот на каков било начин им се влијаело на гласачите во врска со остварувањето на нивното гласачко право.

Анонимен граѓанин во Ростуше пријавил дека едно лице вршело поткуп на гласачи. ОЈО Гостивар веднаш даде наредби и насоки, беа направени детални проверки, при што наводите не се потврдија со ниту еден доказ.

Освен ова, јавните обвинителства постапуваат и вршат проверки за сите други изолирани настани за кои јавноста претходно беше информирана.

Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства, сопоштуваат од Обвинителството.

Отворено студио на Канал 5: Како би изгледала новата Влада?

Во отвореното студио на Канал 5 по повод двојните избори во Македонија се дискутираше за тоа како би изгледала новата Влада.

Според Горан Момироски ВМРО-ДПМНЕ оди кон 58 пратеници, а ВЛЕН и ЗНАМ се сериозни кандидати за да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

За Љупчо Зиков е прерано да се лицитира со цифри на пратеници, а според него на платнформата за новата влада според ќе се најдат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Најмалку 85 жртви во поплавите во Бразил- претседдателот бара прогласување вонредна состојба

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул,покажуваат најновите податоци.

Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.

„Сè уште немаме проценка за тоа што ќе биде неопходно. Само кога водата ќе се повлече ќе го видиме обемот на штетата“, рече министерот за планирање Симон Тебет, како што пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат.

Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, а раселени се околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.

притисни ентер