И натаму голем број случаи на КОВИД-19, се мобилизираат здравствените капацитети

Дневните бројки на заразени со корона-вирусот и натаму остануваат високи. Голем е бројот и на заболени кои имаат потешка слика и им е потребно болничко лекување. 

Надлежните велат дека засега не се размислува за воведување нови рестриктивни мерки, иако не го исклучуваат како можност, но, се надеваат дека мерките што веќе се на сила ќе дадат резултат, апелирајќи на нивно доследно почитување. Се работи на зголемување на болничките капацитети кои ќе можат да им дадат помош на оние кои им е потребно болничко лекување. Дополнително и Армијата отстапи свои санитетски возила за потребите на здравството за превоз на пациенти забилени од КОВИД-19.

Дали ќе има дополнителни рестриктивни мерки, Комисијата за заразни болести ќе одлучува на состанокот во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

-Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, соопшти вчера Министерството за здравство.

Министерот Филипче вели дека во моментот се фокусирани на болничките капацитети, како критично прашање. Се размислува како да се обезбедат доволно болнички кревети и кадар што ќе работи и ќе ги лекува пациентите. За мотивација и награда за здравствениот кадар за справување со кризата, додава тој, се обезбедени околу 60 милиони денари.

Во последните 24 часа на интерните клиники имало 12 приеми и тоа четири во ковид-центарот на Клиниката за дерматологија, пет приеми во центарот на Клиниката за неврологија и три пациенти се хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатото деноноќие имало 18 приеми, а во ковид- центарот во ГОБ „8 Септември" биле примени девет нови пациенти.

-Во моментов, на Клиниката за дерматологија во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 септември" има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни, информираат од Министерството за здравство.

Нагласуваат дека слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

-На Интерните клиники во ковид центрите на Клиниката за неврологија и на Клиниката за дерматовенерологија покрај постоечките 64 кревети, ќе се стават во функција и дополнителни легла, а од сабота пациенти ќе се примаат и во новите ковид центри на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за нефрологија. Овие клиники располагаат со кислородни места за третман на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ капацитетите се генералнпо полни, но во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти и постепено се ослободуваат дополнителни места. Оваа клиника располага со 56 места за лекување на ковид пациенти, велат од МЗ.

Потенцираат дека сите нови оддели на Интерните клиники располагаат со болнички места до кои имаат довод на кислород. Во тек е доопремување со останатата медицинска опрема која им е потребна на лекарите, а од денес покрај пулмолог и анестезиозолог, достапен за консултации на интерните клиники ќе биде и лекар анестезиолог од КАРИЛ.

Во насока на зголемување на здравствените капацитети и обезбедување поддршка за заболените пет болнички возила на Армијата од вчера и се ставени на располагање на Брзата помош со цел да се зајакне транспортот на пациентите болни од Ковид -19 до болничките капацитети. Во текот на следните денови се очекува да бидат отстапени уште две возила од Армијата кои ќе се користат за другите градови.

– Притисокот е голем и неопходен е брз транспорт. Оваа помош е драгоцена и ќе биде важна бидејќи ќе го зголеми бројот на тимови кои ќе бидат на располагање за транспорт на пациенти. Здравствениот ситем веќе неколку денови по ред е под огромен притисок. Ситуацијата е критична. Утринава имавме координативен состанок со директорите на интерните клиники и договаравме распоред на пациенти и дполнителни болнички капацитети. Формиран е дополнителен тим којшто е одговорен за третманот на пациентите на интерните клиники, истакна Филипче.

За заштита на граѓаните и здравствениот кадар е и вакцинацијата против сезонски грип. Сезонава првпат е овозможено бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи, наместо да одат како и досега во Центрите за јавно здравје. Започна и вакцинацијата на ризичните категории граѓани, кои можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар. Министерството за здравство потенцира дека за оваа година, набавени се 40 илјади дози, 12 илјади дози повеќе од минатата година.

Во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи со Ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти, и 26 починати. Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

Ако ЕЦБ ги намали каматите, тоа ќе се рефлектира и кај нас, но не со таа динамика како во ЕУ

 Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки. 

Ако Европската централна банка почне да ја намалува каматната стапка тоа ќе има ефект и кај нас, меѓутоа можеби не со таа динамика како во земјите од Европската унија, бидејќи ние имаме повисока стапка на инфлација од нив, сметаат експертите кои денеска присуствуваа на 29. Годишно собрание на АЦИ Македонија.

Едногласни се дека Народната банка ќе ја следи политиката на Европската централна банка, но состојбата се усложнува бидејќи не се знае што ќе се случува со американските федерални резерви, кои исто така имаат влијание на каматните стапки.

Според академик Таки Фики, Народната банка ја следи политиката што ја води Европската централна банка и оттука произлегува очекуваноста дека ако ЕЦБ ги намали каматите, ќе бидат намалени и каматните стапки во земјава.

- Знаете дека денарот е врзан со еврото, што значи на еден или друг начин го увезуваме кредибилитетот на Европската централна банка и политиката што ја води Европската централна банка ја следи нашата Народна банка. Податоците особено после 2013 година покажуваат дека има неверојатно совпаѓање, синхронизираност меѓу движењето на каматната стапка во Европската централна банка и кај нас, појаснува академик Фити.

Првиот човек на АЦИ Македонија Бојан Цветановски вели дека состојбата е неизвесна, но дека од она што се гледа последните денови, веќе се антиципира одредено намалување на каматните стапки и во САД, иако тоа најверојатно ќе биде од септември.

- Мислам дека нашата Народна банка ќе ја следи Европската централна банка, каде намалувањето од 25 основни поени се очекува во јуни, тоа е прв чекор, но претседателката Лагард кажа дека тоа не најавува ново темпо на намалување. Се ќе зависи од натамошните движења на инфлацијата и пред се на цените на пазарот на стоки, појјаснува Цветановски.

Економските очекувања во САД, според него, зависат и од тоа кој ќе го добие идниот претседателски мандат, а особено внимание треба да се посвети и на цената на нафтата.

- Нафтата е инпут за производство за другите суровини за производство и нејзината висока цена може да значи нови инфлаторни притисоци. Сега имаме смирување на цената која падна од 90 на 83 долари за барел, појаснува Цветановски.

Поради високата инфлација во земјата, Народната банка на неколкупати беше принудена да ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи.

Заседаваше претседателството на ДУИ во Мала Речица, нема конкретни одлуки

Одлуката на управниот суд, го вклучи алармот во ДУИ. Али Ахмети итно го свика претседателството на партијата попладнево во Мала Речица, за да кројат стратегија како понатаму.

Таму е Јана Јосифовска. Дали заврши состанокот и дали се познати следните чекори на ДУИ?

притисни ентер