И Либан има сестри во реално шоу - запознајте ја либанската верзија на сестрите Кардашијан

Трите сестри Абдел Азиз се прославија со блогот "Style in Beirut“ на Инстаграм. Сега имаат свое реално шоу наречено „Сестри“ во кое исто како и сестрите Кардашијан, ќе ги живеат своите животи пред камерите!

Надин, Фара и Алис Абдел Азис исто како и сестрите Кардашијан сакаат да се фотографираат.

Либанките изгледаат убаво и желни се за слава.



Ова е Надин. Таа го претставувала Либан во светското финале „Мис Туризам“ во 2012 и работи за модна агенција лоцирана во Дубаи. Зборува 4 јазици.

Middle sister Nadine has been compared to middle Kardashian sister Kim as she has already had a taste of fame in Lebanon


Најстарата сестра Алис има диплома - завршила факултет за маркетинг и го води блогот на сестрите - таа се смета за „најумна од сите“.


Alice Abdel Aziz


Најмладата пак, Фара, која во шоуто ја нарекуваат и Фафи, завршила менаџмент и има искуство со работа во банка.

Like her sister Alice, Farah also has a degree from Saint Joseph University in Beirut in management and has worked in banking

Трите сестри велат дека се фанови на Ким, Клои и Кортни Кардашијан.

Реалното шоу на сестрите во Либан почнува кон крајот на месецов.




/ извор: Дејли меил




Претседателката на Грузија, Зурабишвили стави вето на законот за „странско влијание“

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили соопшти дека ставила вето на контроверзниот закон за „странско влијание“, кој предизвика масовни протести во земјата.

„Денес ставам вето (...) на закон кој е руски по својата суштина и е во спротивност со нашиот устав“, рече Зурабишвили откако текстот усвоен од Парламентот оваа недела беше осуден од неговите противници дека има за цел да ја одврати Грузија од нејзиниот пат кон Европа и да ја насочи кон Русија.

Таканаречениот „руски закон“, чии противници протестираат со недели против неговото усвојување, бара медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Критичарите на законот велат дека тој е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за пристапување во ЕУ.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која влегува во сè поостра конфронтација со грузиската владејачка партија, денеска изјави дека законот е во спротивност со Уставот на Грузија и „сите европски стандарди“, и додаде дека тој „мора да биде повлечен“. /МИА

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

притисни ентер