Хуманитарни пакети од МАТТО за 200 семејства од Валандовско и Струмичко

Како што соопштуваат, пакетите се врачени на семејства од рурални средини.

Стопанската комора Македонија – Турција/МАТТО врачи хуманитарните пакети со храна и средства за хигиена, на 200 семејствата, кои имаат потреба од ваков вид поддршка, особено во сегашните услови на пандемијата од Коронавирусот и во пресрет на светиот месец Рамазан.

Како што соопштуваат, пакетите се врачени на семејства од рурални средини, валандовските села Калкова, Казандол, Чаликли, Дедели, Пиристан, Бахчебос, Кочулу, Дојран и околните села Ѓопчели, Хасанли и Куртхамзали и селата во Општина Струмица – Орманли, Мемишли и Дорломбос.

Ајдован Адемоски, претседателот на МАТТО, членките на Стопанската комора Македонија – Турција, изјави дека активно се ангажирани во поддршка на јавното здравство, бизниси и населението, во услови на епидемијата, а во рамките на општествена одговорност.

-За добри дела не се зборува. Ова го кажуваме јавно, не за да се промовираме туку да го поттикнеме секој еден кој може, на кој било начин, да придонесе за поддршка на општеството, тоа да го стори, за да можеме полесно да продолжиме ден подоцна, нагласи Адемоски .

Членките на МАТТО исто така се вклучија во активностите за поддршка и солидарност во справување со ковид – кризата. Хотелот „Стон бриџ" ги отстапи хотелските капацитети за државен карантин; ЕВН Македонија донираше 200.000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем за справување со Ковид 19. Дополнително на оваа финансиска поддршка, ЕВН даде свој придонес и во подигнувањето на мобилната (полска) болница во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, донирајќи го приклучокот за електрична енергија во вредност од 10.000 евра; ВИТАМИНКА досега издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации за набавка средства за дезинфекција и прехранбени производи; ТАБ ГИДА Македонија, (Кинг Бургер и Уста Донер) за сето време на епидемијата донираат 100 ланч пакети дневно за здравствни работници во Инфективната клиника, Клинички центар 'Мајка Тереза'; ХАЛКБАНК не наплатуваше провизии за налози за физички лица преку електронско работење, заклучно со 31 март и 600 клиенти, досега, прифатија грејс период од шест месеци за своите кредитни обврски; РАМСТОР на Министерство на здравство донираше 10.000 хируршки маски, 20.000 нитрини ракавици кои се медицински сертифицирани и 300 визери; АЏИ БАДЕМ СИСТИНА, стави на располагање пет мобилни болници и заедно со „ОРКА ХОЛДИНГ" донираше 325.000 евра за справување со коронавирусот; политиката на ТАВ МАКЕДОНИЈА, е да ги задржи сите вработени и покрај видно намалена работа поради затворање на летовите, наведуваат од МАТТО. /МИА

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

притисни ентер