Хрватскиот министер ја предизвикал сообраќајката, во која загина татко на две деца

Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ утринава предизвикал сообраќајна несреќа во која загина едно лице, потврдија од ДОРХ.

Министерот управувал со лично возило кое се судрило со комбе.

Како што се дознава, Баножиќ тргнал на лов кога се случила несреќата. Во несреќата загина 40-годишен маж од Привлака, татко на две деца. Баножиќ го престигнал камионот во густа магла и директно се судрил со комбето, кое доаѓало од спротивната насока, потврди ДОРХ.

Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ бил примен во болницата во Винковац во 8:30 часот, а потоа бил префрлен во КБЦ Осиек. Од болницата во Осиек било пријавено дека Баножиќ е на одделението за интензивна нега, дека има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите и дека неговиот живот не е во опасност. Не се сеќава на несреќата, вели докторот.

Жупаниското државно обвинителство (ЖДО) во Винковци се огласи во врска со сообраќајната несреќа на министерот Баножиќ. Билјана Лубуриќ, заменик државен обвинител, изјави дека ЖДО, во соработка со полицијата и експерт, констатирале дека 44-годишен хрватски државјанин возел од правец на Винковци и почнал да престигнува камион без да провери дали може да го направи тоа безбедно, а тоа резултирало со судар во комбе кое се движело од спротивна насока.

„Возачот на комбето загина, додека возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Винковце, а подоцна и во Осиек“, додаде таа. Таа изјавила дека земале примероци од крв и урина за да утврдат присуство на алкохол, но резултатите се уште ги немаат.

Таа не можела да открие со која брзина се движел министерот Баножиќ или во која насока ќе оди извештајот. Потврди дека двајцата возачи биле врзани и дека имаат еден сведок, камионџијата, кој бил сослушан. Што се однесува до присуството на воената полиција, вели дека секогаш треба да биде присутна кога има несреќа на воено лице, но тие не влијаат на истрагата, објави хрватски Индекс.

Потрага по избеган затвореник во Нормандија откако двајца затворски службеници беа убиени

Потрага по избеган затвореник во Нормандија откако двајца затворски службеници беа убиени во заседа.

Стотици полицајци денеска во Нормандија се во потрага по затвореник кој побегна вчера по судското сослушување во Руан. Двајца затворски чувари загинаа, а тројца се тешко ранети во заседа во која комбе со затвореник беше нападнато во близина на Руан, град на северот на Франција, недалеку од Париз.

Затвореникот и напаѓачите побегнаа, јавуваат француските медиуми.

Затвореникот, идентификуван како Мухамед Амра, роден во 1994 година и познат по прекарот „Мува“ (La Mouche), бил осуден за тежок грабеж и киднапирање што резултирало со смрт.

Нападот се случи вчера во близина на наплатна рампа на автопатот А154, при враќањето на затвореникот од судското рочиште во затворот во градот Евр.

-Соучесниците на осудениот не се двоумеле да ги застрелаат затворските службеници со автоматско оружје, изјави францускиот министер за правда, Ерик Дупон-Морети.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи, а кои ги користат и некои француски медиуми, се гледаат вооружени мажи со качулки како се приближуваат кон конвојот.

-Во нападот учествувале неколку лица од две возила кои се приближиле до затворскиот конвој. Еден од напаѓачите наводно е ранет, изјави за француски медиуми неименуван полициски извор.

Возилото со кое избегале затвореникот и напаѓачите подоцна било запалено.

Дарманин: Стотици, вклучително и полицајци повредени во немири во Нова Каледонија

Стотици луѓе, вклучувајќи околу 100 полицајци и жандарми се повредени во немирите во Нова Каледонија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин.

Дарманин рече дека властите допрва треба да ги утврдат „околностите“ што доведоа до застрелување на едно лице во текот на ноќта . Тој додаде дека десетици домови и деловни објекти биле запалени за време на немирите поврзани со гневот поради уставните реформи.

-Повеќе од 130 лица се приведени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопштија денеска француските власти.

Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание. Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 против.

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Весникот „Катимерини“ во текстот под наслов „Атина ја очекува новата Влада во Скопје“ го пренесува ставот на актуелната грчка Влада дека државата има континуитет и дека покрај нивното несогласување пред да се изгласа Договорот од Преспа, сега го поч

Ставовите од ЕУ и НАТО, но и внатрешните реакции во Грција, односно позициите на опозициските партии и секако на Владата во однос на Договорот од Преспа и понатаму се во фокусот на грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Катимерини“ во текстот под наслов „Атина ја очекува новата Влада во Скопје“ го пренесува ставот на актуелната грчка Влада дека државата има континуитет и дека покрај нивното несогласување пред да се изгласа Договорот од Преспа, сега го почитуваат.

Истакнува дека следниот чекор што се очекува е формирањето на Владата кај нас на крајот на мај, кога ќе биде претставена програмата „што ќе покаже каде одат соседите“.

Грчката телевизија „Опен“ во прилогот од Скопје, пренесува ставови на граѓани кои ја истакнуваат важноста на европската перспектива на земјата, но и изјава на поранешниот премиер Зоран Заев, кој го коментира ставот на новата претседателка.

-Неусогласувањето носи одговорности и сериозни последици за државата што веднаш ќе се почувствуваат од граѓаните. Одговорноста не е само политичка, туку и правна. Па така, како носители на највисоките државни функции, ќе треба да ги почитуваат Уставот, меѓународниот Договор од Преспа и законите, вели Заев за телевизијата „Опен“.

Употребата на името „Македонија“ од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, предизвика и внатрешно-политички конфронтации во Грција меѓу Владата и опозициските партии, заедно со останатите актуелни грчки теми, со оглед на тоа дека земјата веќе е во предизборен период во пресрет на евроизборите на 9 јуни.

Трите меморандуми за соработка што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент се во фокусот на меѓусебните препукувања на релација Нова демократија – СИРИЗА.

Грчката Влада вели дека ставот на Сиљановска Давкова ја оправдува нивната позиција за доцнење на ратификацијата, додека пак од СИРИЗА доцнењето сметаа дека не ѝ оди во прилог на Грција и најавуваат законска иницијатива за носење на меморандумите пред пратениците.

притисни ентер