Хрватска последна контрола за кошаркарите пред стартот на квалификациите за ЕП

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација попладнево во Загреб против домаќинот Хрватска ќе го одигра последниот контролен натпревар пред стартот на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2015 година.

Против силната Хрватска, нашата подмладена селекција ќе го има последниот тест пред дербито во групата и дуелот на 10 август во Скопје против директниот конкурент за првата позиција Белгија.

Црвено жолтите во Загреб ќе играат без Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски кои поради ситни повреди останаа во Скопје. Новиот предводник на нашиот национален тим Александaр Џикиќ без разлика на тоа што ќе игра без еден од лидерите Дамјан Стојановски мечот против силната Хрватска ќе го искористи согледување на евентуалните недостатоци во играта , кои во следните неколку дена на тренинзите би биле коригирани.

Инаку од утре низ цела Македонија по цена од 100 денари горни трибини и 150 долни трибини ќе бидат пуштени во продажба влезниците за премиерниот натпревар во квалификациите за Евробаскетот во 2015 против незгодната Белгија , кој ќе се игра во недела на 10 август со почеток од 20 часот и 30 минути во арената Борис Трајковски во Скопје.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер