Хонда ги претстави моторите и клупските бои

Тимот на Репсол Хонда од Мото ГП шампионатот на свеченоста во Џакарта ги претстави моторите и клупските бои со кои актуелниот шампион Марк Маркез и Дани Педроза ќе се натпреваруваат во новата сезона.

Возачите пред промоцијата во Индонезија имаа успешни тестирања во Тајланд на патеката „Бурирам“.
На промоцијата Маркез нагласи дека е задоволен што ќе има шанса да се дружи со навивачите во Индонезија и потенцираше дека во текот на зимата биле завршени многу работи.
- Оваа зима направивме две тестирања и тие поминаа добро. Работевме напорно во Катар со цел подготвени да го дочекаме почетокот на сезоната. Повторно сакаме да се бориме за врвот, како и да им приредиме на навивачите добра забава, наведе Маркез.
Истото мислење го дели и Педроза, кој потврди дека во тимот на Хонда досега се оди според планот.
- Засега се оди според планираното. Сепак дури кога ќе се вратиме во Катар ќе знаеме на што сме, затоа што таму условите ќе бидат значително поинакви. Горд сум што и оваа сезона сум член на Репсол Хонда, а подготвен сум да дадам 100 проценти од своите можности и да се борам за титулата, истакна Педроса.
Новата сезона во Мото ГП започнува на 18 март во Катар./МИА

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

притисни ентер