Комбинацијата на модерни технологии со ретро дизајн ги подели мислењата на љубителите на јапонските автомобили. Минималистичкиот дизајн е конципиран околу огромниот екран со инфотејнмент , а остатокот е обложен со дрво.
Од Хонда велат дека внатрешноста е осмислена за да понуди топла и афримативна атмосфера , инспирирана од концептот Урбан ЕВ. Во секој случај , применет е концептот на 70 – тите , особено преку употребата на голем број копчиња и правоаголниот дизајн.
Од надвор , електричната Хонда има и дополнителни две врати , додека самата конструкција е уште повеќе заоблена.