Хирурзите во Индија извадиле од пациент бубрег тежок дури седум килограми

Индиски хирурзи успешно отстраниле бубрег со тежина од 7,4 килограми, што е еквивалентно на тежината на две просечни новороденчиња.

Се верува дека тоа е најголемиот бубрег досега отстранет од еден пациент во Индија. За споредба, бубрезите обично тежат помеѓу 120 и 150 грама.

Пациентот страдал од автозомно доминантно полицистично заболување на бубрезите, што резултира во раст на цисти на тој орган, јави Би-Би-Си.

Хирургот вклучен во операцијата рече дека големите бубрези се честа појава кај пациенти кои страдаат од споменатата болест.

Докторот Сачин Катурија од болницата „Сер Ганга Рам“ во Њу Делхи појасни дека лекарите генерално никогаш не отстрануваат орган, освен ако има симптоми на инфекција и внатрешно крварење, бидејќи тие сè уште вршат дел од функцијата за филтрирање во организмот.

Во случајот со оперираниот пациент, се развила инфекција која не реагирала на антибиотици и големината на бубрезите му го отежнала дишењето.

Досега, рекордната тежина на бубрезите е забележана во Гинисовата книга на рекорди со тежина од 4,5 кг, но некои медицински списанија изнесуваат податоци за бубрег отстранет од американски пациент со тежина од 9 кг и уште една операција во Холандија, со тежина од 8 , 7 кг.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер