Хесиншки комитет регистрира исплати на К-15 од 1.000, 500 и 100 денари

 Многу често работодавачите исплаќаат незначителни износи на име регрес за годишен одмор, за што говорат и документираните случаи на Хелсиншкиот комитет, во кои работодавачите неретко исплаќаат 1000, 500, па дури и 100 денари регрес за годишен. 

Околу седум отсто од сите случаи на повреди на работнички права пријавени до Хелсиншкиот комитет за човекови права се однесуваат токму на случаите поврзани со исплаќањето на регресот за годишен одмор.

Тоа го наведува Хелсиншкиот комитет за човекови права во правен осврт и мислење по однос на правото на регрес за годишен одмор (К-15) со цел потемелно да ги информира работниците околу остварувањето на ова право.

Како што информираат, работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата. Износот на регресот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата во држвава исплатена во последните три месеци. Во пракса тоа значи дека доколку еден работник, кој најмалку шест месеци во календарската година работел кај ист работодавач, во последните 3 месеци земал плата од 25.220 денари нето, има право на регрес на годишен одмор од најмалку 10.088 денари.

Хелсиншки укажува дека работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, можат да одат под загарантираниот минимум од 40 отсто, согласно Спогодбата за изменување и дополнување на Колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Ова е дозволено само по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка, односно оддел, што значи дека со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат, спогодбата се потпишува со претставник избран од работниците.

-Ваквата промена неретко доведува до злоупотреба и изигрување на овој став од член 35 од Колективниот договор од страна на работодавачите. Ова е последица на правната недореченост на измените и дополнувањата на Колективниот договор во насока на непостоење на јасни критериуми околу тоа како се утврдува дали навистина постоеле објективни потешкотии при работењето и соодветна проценка на големината на проблемите. Измените и дополнувањата не ги пропишуваат ниту критериумите за ценење на економско-финансиската состојба на работодавачот ниту пак предвидуваат кој треба да ја спроведе ваквата постапка, информира Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Тоа, како што дополнува, резултира со правна несигурност на работниците и неможност на Државниот инспекторат за труд да утврди прекршување на работничките права од колективен договор, заради недостаток на прецизни критериуми и постапки за утврдување на потешкотиите во работењето на работодавачот. Таквата ситуација овозможува за работодавачот да е доволно едноставно да приложи завршна сметка во која ќе покаже помал профит во календарската година, во споредба со претходната, за да докаже дека имал потешкотии во работењето и да исплати помал регрес за годишен одмор од предвидениот минимум од 40 отсто од основицата.

-Како резултат на ова, многу често работодавачите исплаќаат незначителни износи на име регрес за годишен одмор, за што говорат и документираните случаи на Хелсиншкиот комитет, во кои работодавачите неретко исплаќаат 1000, 500, па дури и 100 денари регрес за годишен одмор. Околу 7 отсто од сите случаи на повреди на работнички права пријавени до Хелсиншкиот комитет за човекови права се однесуваат токму на случаите поврзани со исплаќањето на регресот за годишен одмор, стои во правниот осврт.

Дополнителен проблем, наведуваат, е тоа што во случаи кога работодавачот има потешкотии во работењето, повторно нема јасни критериуми за намалувањето на износот на регрес за годишен одмор. Целосно е нејасно колку помал износ oд предвидениот минимум му е дозволено на работодавачот да исплати vis a vis потешкотиите во работењето. Тоа значи дека утврдувањето на ваквиот износ е дискреционо право на работодавачите или на државните инспектори за труд, во случаите во кои Инспекторатот ќе утврди дека работодавачот не исплатил регрес за годишен одмор или исплатил регрес помал од предвидениот.

-Оттука, поради трендот на исплата на регрес за годишен одмор во многу мал и незначителен износ, неопходно е воведување на јасни критериуми и постапки за утврдување дали, а доколку е тоа случај, во колкав обем, работодавачот навистина се соочува со финансиски потешкотии во работењето. Само на тој начин ќе се избегнат моменталните нормативни парадокси со кои е возможно работодавачот континуирано да има зголемен обем на работа, а истовремено да се соочува со финансиски потешкотии, па како резултат на тоа да исплаќа регрес за годишен одмор во износ помал од утврдената основица. Работниците во ваква ситуација немаат никаква заштита на која можат да се повикаат доколку не им е исплатен соодветен надоместок за регрес на годишен одмор, па така, надоврзувајќи се на погоре наведениот пример, работникот кој има право на К-15 од најмалку 10.088 денари, може на крајот да добие само 100 денари, велат од Хелсиншки.

Според нив, неизбежно Државниот инспекторат за труд да посвети должно внимание за да истражи како во секој поединечен случај се назначува претставникот и да процени дали фактите врз основа на кои била направена проценката го задоволуваат критериумот за финансиски потешкотии во работењето, стои во заклучокот од правниот осврт на Хелсишншкиот комитет.

На овој начин, дополнуваат оттаму, работодавачите во процесот на исплата на регрес за годишен одмор ќе можат доследно и целосно да ги почитуваат одредбите од Општиот колективен договор и толкувањата на Комисијата за толкување на колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Со тоа, законодавецот ќе ги охрабри синдикалните организации да застанат на страна на заштита на работниците и ќе им овозможи будно да ја следат состојбата со исплатата на регресот за годишен одмор, особено во текстилните и кожарски фабрики каде има формирано синдикати.

-Конечно, со ова Државниот инспекторат за труд ќе може да врши засилен мониторинг во процесот на исплата на регрес за годишен одмор од страна на работодавачите и навремено и ефикасно да постапува по поднесените барања за инспекциски надзор за евентуални повреди и прекршувања на работничките права поврзани со исплата на регрес за годишен одмор. Само така ќе се прати порака на охрабрување до сите работнички и работници и понатаму да продолжат со пријавувањето на прекршувањата на работничките права, заклучува Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Нова Алтернатива: За нас единствена опција е да имаме системски силна и економски јака држава

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9. 

Во изминатите две години покажавме дека и покрај сите напади, безкомпромисно се бориме против секој што работи спротивно на интересот на граѓаните и државата.

Затоа неопходно е да се стави крај на оние кои пред избори ветуваат економски просперитет, подобар животен стандард и повисоки пензии и плати, а по избори единствен проект им е измена на Уставот и промена на името, а спротивно на желбите и интересот на сите нас кои живееме во Македонија.

Истото се случува и сега, едните отворено кажуваат дека ќе го сменат Уставот повторно, а другите срамежливо велат дека не се против измени во Устав но тоа да имало одложена примена по влезот на Македонија во Европската Унија.

Ниe од Нова Алтернатива јасно и категорично кажуваме НЕ, нема да прифатиме ниту да гласаме за промена на Уставот. Ставот е дециден, нема никогаш да поддржиме асиметричен договор каде Македонија е потценета страна, тоа не смее никогаш да се прифати.

Нашиот став е непроменлив, за разлика од тоа што можете да видите кај голем дел од политичарите кои секојдневно ги менуваат нивните изјави во јавноста согласно потребите, за да се додворат кон меѓународната заедница или кон своите потенцијални коалициски партнери.

За нас единствена опција е да имаме системски силна и економски јака држава. Кај нас континуирано луѓето се наоѓаат во една траорна состојба затоа што се на раб на сиромаштијата, состојба која корумпираните политичари ја искористуваат со својата реторика единствено во избори.

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.  

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.

Благодарни на неговото делот, споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев останува вечен.

Блинкен: Хамас е единествената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот државен секретар Антони Блинкен.

„Чекаме да видиме дали навистина ќе се согласат на прекин на огнот и дали ќе ги ослободат заложниците“, рече Блинкен на форумот Седона на Институтот Мекејн во Аризона.

„Реалноста во моментов е дека Хамас е единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“, додаде тој. Израел и земјите посредници сè уште чекаат одговор од исламистичкото движење на предлогот за 40-дневно примирје поврзано со ослободувањето на заложниците во Газа во замена за палестинските затвореници кои ги држи Израел.

Делегација на Хамас денеска замина за Каиро за да ги продолжи разговорите. Истакнувајќи дека милитантите на Хамас „тврдат дека го претставуваат“ палестинскиот народ, Блинкен рече дека „ако тоа е вистина, прекинот на огнот треба да се прифати“.

Американскиот државен секретар, исто така, процени дека израелскиот напад врз Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, кој е дом на повеќе од милион Палестинци раселени поради војната, ќе предизвика штета „поголема отколку што е прифатливо“. Според Блинкен, Израел не претставил никаков план за заштита на цивилите при овој можен напад.

„Во отсуство на таков план, не можеме да поддржиме голема воена операција во Рафа, бидејќи штетата што таа би ја предизвикала би била над она што е прифатливо“, рече тој. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот ја потврди намерата да започне офанзива на Рафа „со или без договор“ за прекин на огнот. „Ќе направиме сѐ што е потребно за да го победиме и поразиме нашиот непријател“, рече тој.

притисни ентер