Хендерсон со капитенската лента на Ливерпул

По заминувањето на Стивен Џерард од Ливерпул, капитенската лента ќе ја носи Џордан Хендерсон. Популарниот „Хендо“ и последната сезона ја имаше улогата заменик капитен и кога Џерард не беше во тимот, тој беше капитен.


Хендерсон во Ливерпул дојде во 2011 година од Сандерленд и досега одигра 186 натпревари во „црвениот дрес“.

- Чест и голема привилегија е да се биде капитен на овој клуб. Многу научив од Стивен Џерард, како капитенот треба да се однесува на теренот, но и надвор од него. Секогаш треба да учите од најдобрите, а Стивен е токму тоа. Ќе се трудам да дадам се од себе. Тимот секогаш е во прв план и ќе се обидам да помогнам колку што можам, изјави за клубскиот сајт Хендерсон.

Во новата сезона Ливерпул покрај настапите во Премиер лигата и домашните куп натпреварувања, го очекуваат и натпревари во Лига Европа.

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

притисни ентер