ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати

Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.

Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ има 67 мандати, пренесува Index.hr..

„Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.

Како што пренесува хрватскиот портал, во изборниот штаб на ХДЗ во тек е прослава и толпата извикува „победа“.

Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.

Арсен Баук од СДП ги коментираше излезните анкети, според кои ХДЗ освоила дури 67 мандати, пренесува Јутарњи лист.

„Ова значително ќе се промени, без еуфорија, да забавиме малку“, рече Баук и додаде дека е невозможно Можемо! да доживее таков пад.

„Колку и да има три мандати, ќе оди кон 10. Силно се сомневам дека ХДЗ ќе добие толку мандати“, нагласи Баук.

Мирела Ахметовиќ (СДП) рече дека излезните анкети покажуваат дека СДП останува најсилната партија на левицата, па дури и остануваат овие резултати, кои според неа се подобри од претходниот изборен циклус.

Таа потсети дека досега „анкетите беа точни за многу низок одѕив“.

„Не сум сигурна колку се точни за толку голем одѕив“, нагласи таа за ХРТ.

Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Дневната температура од четврток ќе биде во постепено опаѓање.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен

правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Времето во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи до 26 степени.

Корисниците на „Apple“ се бесни: Не можат да пристапат до нивните сметки

Фрустрираните корисници пријавија дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ и од нив се бара да ги променат лозинките.

„Apple ID“ имаше проблеми изминатиот викенд. Како што известува „9to5Mac“, корисниците на „Apple“ почнаа да се жалат на интернет дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ од сите нивни уреди, без објаснување.

Откако се обидоа да се логираат на нивниот профил, некои беа целосно заклучени, и покрај внесувањето на точните информации, и мораа да ги ресетираат лозинките.

„Apple“ допрва треба да даде официјална изјава за проблемот, а страницата за статус на системот на компанијата не споменува никакви проблеми со „Apple ID“ или други системи.

Не е познато колку корисници се погодени од овој проблем, а голем број од нив се пожалија на социјалните мрежи.

Извор: Б92

ИЈЗ: Меланом - најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Меланомот е најопасен облик на рак на кожа, а може да се излечи доколку се открие навреме, порачуваат од Институтот за јавно здравје денеска, во пресрет на мај - месецот на борба против ракот на кожата.

- Иако меланомот може да ги зафати сите делови на кожата од телото, сепак тој најчесто се јавува на деловите од телото што се најмногу изложени на сонце, предупредуваат од Институтот.

Постојат повеќе начини за луѓето да се заштитат од ризик факторите, поврзани со меланомот. Како што наведуваат од Институтот, треба да се избегнуваат најтоплите часови во текот на денот, добро да се покрие телото и да се користат заштитни средства против сонце.

притисни ентер