Хан: Вратите на ЕУ се отворени, одлуката зависи од вас

Вратите на Европската унија за Македонија се ширум отворени и од вас зависи дали тоа ќе го искористите или не.

На вас е да одлучите за иднината на вашата земја, порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан, кој во Скопје официјално го означи почетокот на процесот на скрининг и подготовки за старт на преговори за членство во Европската унија во јуни 2019 година.

Вратата кон ЕУ, рече Хан, е ширум отворена благодарение на реформските приоритети на кои работеше Владата измината година, но и на постигнатите договори за добрососедство со Бугарија и за името со Грција.

- Народот покажа отпор и издржливост, станавте земја за пример во регионот и модел како и останатите да ги решаваат своите билатерални проблеми, рече Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Спогодбата со Грција, додаде, е придонес за просперитет, мир и стабилност не само во Македонија, туку и за цел регион.

- На вас е да одлучите за иднината на вашата земја, на еден слободен и суверен начин. Граѓаните треба да ја донесат конечната одлука, да го искористат своето демократско право и да учествуваат на претстојниот референдум, истакна Хан.

Тој го поздрави добивањето покана за членство во НАТО, истакнувајќи дека тоа ќе значи повеќе сигурност безбедност и просперитет за граѓаните на Македонија.

Владата на денешната седница, на која присуствуваше и Хан, донесе одлуки со кои започнува скрининг процесот за подготовка за почеток на пристапните преговори со ЕУ. За главен преговарач е назначен вицепремиерот за евроинтергации Бујар Османи, а за технички преговарач советникот на премиерот Бојан Маричиќ.

- Денеска со еврокомесарот Хан ги дефинираме следните чекори на скрининг и подготовка за преговори. Утврдивме заедничка динамика на преговорите со поставување на структурата за преговори од наша и од нивна страна. Денеска Хан го претстави начелниот план за скринингот, а ние донесовме заклучоци, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конфренција со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Владата го задолжи СЕП заедно со МНР со крајот на јули да подготват предлог концепт за преговорите со ЕУ.

Заев нагласи дека преговорите со ЕУ се историска задача и врвен приоритет.

- Затоа испраќаме порака дека процесот ќе го раководи Владата, но во него ќе учествуваат и Собранието, опозицијата, судството, граѓанското опшетство... Македонија оди напред, порача премиерто Зоран Заев. /МИА

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик“, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

притисни ентер