Хакерски напад во Хрватска: Напаѓачите поставија рок

На пристаништето Риека е извршен хакерски напад.

Според „X“, одговорноста за овој сајбер напад ја презела криминална хакерска организација наречена „8Base ransomware“.

Меѓу украдените податоци има фактури, сметководствени документи, лични податоци, потврди, договори за вработување и голем број доверливи информации и договори.

Рокот за откуп е 10 декември, а се уште не е објавено колку пари бараат напаѓачите.

Да потсетиме, Мајкрософт неодамна објави во својот годишен извештај за дигитална одбрана дека корисниците се соочуваат со неверојатни 600 милиони сајбер напади дневно поради растечките геополитички тензии во светот.

Извештајот ги опфаќа трендовите од јули 2023 до јули 2024 година, а Мајкрософт укажува на алармантно зголемување на сајбер нападите.

Оваа година, клучно откритие беше дека образовните и истражувачките институции станаа втор најтаргетиран сектор од ваков вид закани, додека ИТ секторот остана на првото место.

Овие институции, кои обезбедуваат информации за истражување и политика, често служат како тест пред да нападнат вистински цели, покажуваат истражувањата. Според Мајкрософт, руските, иранските и кинеските актери ги интензивирале сајбер операциите поврзани со активните конфликти.

Извор: Б92

Набрзо продолжува изградбата на зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

Ќе ја добијат ли конечно студентите од најбараната струка својата зграда?

Министерката Весна Јаневска уверува дека објектот предвиден за ФИНКИ во кампусот на УКИМ, кој стои веќе една деценија полузиграден ќе почне да се гради кон крајот на 2025 година откако ќе се надминат дел од предизвиците. Наспроти првичните планови да биде Барок, министерката вели зградата ќе добие современ изглед, како што барале и самите студенти.

-Очекуваме, при крај на следната година веќе да почнеме со изградба на ФИНКИ факултетот. Во моментот правиме повеќе анализи, репроектирање, греењето треба да се реши, секако нема да биде во стилот на Барок, зошто и пред се студентите очекуваат и сметаат дека во тој кампус не би бил добро да е Барок, така да ќе се потрудиме да го направиме модерен,вели министерката -Весна Јаневска.

Онаму каде што пред една година имаше смет и испокршени клупи, денеска се гледаат трагите од багерите.. Реконструкцијата започна и на студентскиот дом Стив Наумов, кој изминативе години на студентите им нудеше живот под секое достоинство, од ладни соби, влага по зидовите до руинирани тоалети.

Таму се уште трае процесот на уривање на руинирање, отстранети се прозорците, голем дел од внатрешноста, но и азбестните покриви кои ги труеја студентите. Планот е објектот на биде енергетски ефикасен, а врз него да се постават и соларни панели. Министерката Јаневска очекува, доколку се се одвива според планираното и овој проект да заврши до крајот на годината.

-Субстандардно живееја нашите студенти, тоа е недозволиво и во моментов се случува сериозна, голема, длабока реконструкција на два студентски дома, Стив Наумов е еден од нив, тој скоро почна, ќе биде модерно направен за да можат да имаат нормални услови студентите за живот. Пред крај на следната година, Кузман би требало да биде Октомври, Ноември, а Стив исто се надеваме дека би можел да биде завршен Ноември Декември, доколку не излезе нешто непредвидено вели министерката -Весна Јаневска.

Стив Наумов треба да има капацитет за околу 1000 студенти, засега во комплексот не се предвидува доградба на капацитети, бидејќи е доволен за бројот на студенти кои бараат сместување. Паралелно, истата фирма, ги изведува работите и во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет

Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритет во нашето работење. 

Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината ќе ја завршиме со реализација на капитални инвестиции која ќе биде над 70% од планираното, а износот ќе биде над оној во 2022 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

„Поддршката на приватниот сектор во 2025 година е над 2,5 милијарди денари, за разлика од 2022 година била 1,4 милијарда денари, во 2023 година 2 милијарди денари. Во ТИРЗ исто така има поддршка од 2,5 милијарди денари. Бројките покажуваат дали повеќе се грижиме“, рече министерката.

Таа додаде дека дополнителна поддршка за приватниот сектор се обезбедените 15 милијарди денари со каматна стапка од 1,95% за што истакна дека Владата ги има објавено условите за користење на средствата од страна на крајните корисници – компаниите. Исто така посочи дека и кон општините се префрлаат средства врз основа на реализација.

„Нема да дозволам трансфери од буџетот како во минатото и ќе работиме со поинаква постапка. Средствата на општините ќе се префрлат по реализација. Исто така и средствата наменети за компаниите кон Развојната банка, а оттаму кон деловните банки ќе бидат префрлени парцијално. Ако има вистински инвестиции може да зборуваме за префрлање“, посочи министерката.

Таа рече дека и повратот на ДДВ се врши редовно и дека е во износ од над 2 милијарди денари на месечно ниво. „Онаму каде што имало проневера и е отворена постапка не може да се врши поврат“, наведе министерката и додаде дека се отворени постапки и по однос на други прашања, соопштуваат од МФ.

Петардите можат да направат големи и трајни повреди

14 годишно момче е најмладиот пациент на Клиниката за пластична хиругија кое заради повреди на дланката ќе има доживотна инвалидност заради повреда од петарда. 

Хирурзите велат дека до денеска немаат примено пациенти со повреди од петарди. Тие со апел петардите се опасни и да не употребуваат во новогодишните празници.

Од Клиниката за пластична хирургија докторите заедно со МВР имаат предавање во училиштата и објаснуваат за последиците од повредите со петарди. Според законот за прекршоци против јавниот ред и мир казната е во износ од 200 до 500 евра за оној кој пука од огнено оружје или експолозивен материјал како што се петардите.

притисни ентер