Хаџи Јанев: Недостасува реална поддршка од западот за војната во Украина

Недостасува реална поддршка од западот во Украина, смета универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев.

Во разговор за Канал 5 вели дека состојбата на теренот и оперативната предност на Русија, не дава голем простор Украина да ја добие војната под актуелните околности. Дејан Трајкоски разговараше со него...

Џек Блек како „ѓаволскиот“ Дедо Мраз, во филм режиран од браќата Фарели

Пред околу 10 години, браќата Боби и Питер Фарели го издадоа последниот заеднички филм - третиот дел од приказната „Глупавиот и поглупавиот“ (Dumb and Dumber To). Сега повторно заедно сработија филм, и тоа - Божиќна комедија.

Замислата за филмот „Драг Дедо Мраз“ (Dear Santa) се јавила пред 15-тина години, но требало подолго време за тој да се комплетира.

- Овој филм е „долго-обликувачки“, како и сите наши филмови. Патем, на „Глупавиот и поглупавиот“ му беа потребни пет години за да биде направен. За „Има нешто околу Мери“ сценариото беше старо 10 години кога го преработивме... Им требаше малку време за да стигнат до крајот. Таков е случајот и со овој, објасни Питер за „Ентертејнмент викли“ (Entertainment Weekly).

Питер Фарели, заедно со Рики Блит, го напиша сценариото. Откако сите биле задоволни со тоа, Боби се согласи да режира.

Приказната го следи малиот Лијам Тарнер (го глуми Роберт Тимоти Смит), кој сè уште верува во Дедо Мраз. За да им докаже на сите свои пријатели кои не веруваат дека тој постои, тој му пишува писмо на легендарниот човек и го повикува да се покаже. Но, наместо кон Дедо Мраз (Santa), писмото e упатено до Сатаната (Satan). „Нечестивиот“ (Џек Блек), кој никогаш не добил писмо од дете, е „поласкан“ и оди да го запознае Лиjам...

Според режисерот, Џек Блек бил првиот и единствен избор.

- Во секое време, има малку палавост за него, но е исклучително симпатичен. Тоа е, просто - Џек. Никогаш не сакавме да правиме хорор-филм или слично. Сакавме сѐ тоа да биде смешно... Џек е нашиот совршен човек за тоа, појасни Боби Фарели.

„Драг Дедо Мраз“ ќе се прикажува во кино од 25 ноември оваа година.

Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината

Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим.

Руд ван Нистелрој, кој е на клупата на Манчестер Јунајтед додека да дојде Рубен Аморим како менаџер, вели дека се уште не се слушнал со Португалецот.

Холанѓанецот истакна дека е фокусиран на задачите кои му претстојат.

-Ќе видиме што ќе биде со мене од сега па натаму, тешко е сега да се коментира, треба да разговараме. Во меѓувреме, најважни работи за клубот се секојдневните обврски, натпреварот од Лига Европа. Ги имаме шампионите на Грција кои доаѓаат на „Олд Трафорд“, втори се во првенството во моментов, така што сега чувствувам одговорност да завршам добра работа во наредните денови. Тоа е мојата работа, вели Ван Нистелрој.

Натпреварот меѓу Јунајтед и ПАОК е закажан за 21 часот, а „црвените ѓаволи“ трипати ремизираа во првите три кола.

Божиновска: Набавката на јаглен сега ќе биде транспарентна

Министерката за енергетика Сања Божиновска изјави дека во моментов има тендер за набавка на јаглен во ТЕЦ Осломеј и тоа го спроведува Електростопанство на Македонија. 

Како што рече, Министерството за енергетика ќе ги корегира политиките, а јаглен набавува АД ЕСМ кое е под Владата, и оти набавката сега ќе биде транспарентна.

-Јавниот повик е објавен и може да се види на веб-страницата, изјави Божиновска одговарајќи на новинарско прашање колкава набавка на јаглен се планира и од каде.

На прашањето како го коментира префрлувањето на една милијарда денари за компанија која со години врши ископ во РЕК Битола, а за која ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати укажувала дека е компанија инволвирана во криминални тендери, министерката одговори дека не се работи за нов туку за рамковен договор.

-Колку што сум запознаена, потпишан е рамковен договор, не е нов договор, и знам дека цените се намалени за 30 до 40 проценти од минатата година. Инаку, сето тоа си има ревизија, си има институции кои се занимаваат со тоа. Ние се фокусираме на претстојната грејна сезона и на зимата, рече Божиновска која денеска присуствуваше на доделувањето ваучери за набавка на инвертер клима-уреди во Скопје.

притисни ентер