Гвардиола: Меси е најдобар фудбалер на сите времиња

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го смета напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси за најдобар фудбалер во историјата.

- Меси покажува доследност на секои три дена веќе 15 години. Морав да го гледам секој ден. Тој е уникатен, изјави Гвардиола за „Che Tempo Che Fa“.

Гвардиола беше тренер на Меси во Барселона од 2008 до 2012 година. Заедно трипати станаа шампиони на Шпанија, двапати го освоија националниот Куп и Лигата на шампионите.

Оваа сезона Меси одигра 18 натпревари за Интер Мајами, постигнувајќи 17 голови и 10 асистенции.

Триесет и седумгодишниот Аргентинец е осумкратен освојувач на Златна топка. Шеснаесет пати беше признат за најдобар фудбалер на годината во Аргентина, а четири пати најдобар спортист на годината во земјата.

Израелски бизнисмен баран со романска потерница уапсен, па ослободен во Атина

Тој бил уапсен откако на аеродромот во Атина пристигнал од Тел Авив со неговиот приватен авион

Израелскиот бизнисмен Бени Штајнмец синоќа бил уапсен на атинскиот аеродром по издадена меѓународна потерница од романските власти, меѓутоа денеска бил ослободен бидејќи веќе постои одлука на грчкиот суд против негова екстрадиција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според неофицијалните информации во Грција, израелскиот тајкун кој се занимава со рударството, енергетика, недвижностите и индустриите за ископување дијаманти, бил уапсен откако на аеродромот во Атина пристигнал од Тел Авив со неговиот приватен авион.

Меѓународната потерница од романските власти се однесувала на негово учество во криминална организација и по донесената пресуда во отсуство за купување на земјиште во периодот 2006-2008 година.

Од грчката полиција, засега, нема официјално соопштение за апсењето на израелскиот бизнисмен.

Медиумите во Грција пренесуваат изјава на адвокатот на Штајнмец, Ставрос Тојас, кој објаснува дека постои одлука на Апелациониот суд во Атина од 2022 година, која неотповикливо е против неговата екстрадиција во Романија, признавајќи му го правото слободно да патува.

-Потерницата од романските власти за екстрадиција на Бени Штајнмец е прогласена за неважечка од Интерпол, Грција, Италија и Кипар. Истото се случи и со другите обвинети заедно со г-дин Штајнмец во истиот случај, по кои нивните налози за апсење не беа спроведени во Франција, Белгија и Малта. Така, бројот на европските земји кои ги отфрлија правно неоснованите барања на романската правда во овој случај достигна шест. Затоа, Бени Штајнмец беше ослободен додека и формално не се реши прашањето, истакнал адвокатот.

Според „Катимерини“, ослободен е со кауција од 5.000 евра и забрана за излез од земјата.

Пред една година бил уапсен и на Кипар врз основа на потерницата од романските власти, но и тогаш бил ослободен.

Штајнмец, во минатото според натписите во македонските медиуми бил еден од сопствениците на фабриката „Фени“, а новинарите од ИРЛ и ОССРП во нивното истражување откриле дека двапати истото лице со мала група негови пријатели, стои зад двојниот стечај на топилницата. /МИА

Верстапен: Симулаторот многу помага во одржувањето на менталниот фокус

Брзината се чувствува само на вистинска тркачка патека. Да, секако, вие возите многу брзо и во симулаторот, но таму и да завршите во ѕид, нема да има никакви последици за вас. 

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен зборувајќи за разликите помеѓу реалните и виртуелните трки, истакна дека возењето на симулатор му помага да ја задржи концентрацијата и со тоа да тренира внимание и смиреност, што потоа помага во трките во Формула 1.

- Брзината се чувствува само на вистинска тркачка патека. Да, секако, вие возите многу брзо и во симулаторот, но таму и да завршите во ѕид, нема да има никакви последици за вас. Само притиснете го копчето за рестарт и почнувате повторно. Ова нема да функционира во реалниот живот. На крајот на краиштата, ако доживеете несреќа, дефинитивно ќе биде потребно извесно време да го поправите автомобилот. Покрај тоа, вие самите ризикувате да се повредите. Така да, во вистински трки треба да бидете многу повнимателни. Симулаторот многу помага кога станува збор за одржување на менталниот фокус. За време на виртуелна трка, размислувате за истите работи како за време на вистински тркачки викенд. Генерално, сакам само да се натпреварувам и да се трудам да победувам на трки - затоа што се работи за тоа. Без разлика дали се работи за трки со симулатор или тркање на вистинска патека, изјави Верстапен.

Холанѓанецот е лидер во поредокот во Формула 1 шампионатот со 331 бод, пред Ландо Норис од Мекларен со 275.

33 питомци дадоа заклетва во воената академија „Генерал Михајло Апостолски “

Нови 33 питомци се запишаа на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ како дел од 28. класа.

Од нив 25 се од Македонија и шест од нив се жени. освен од Македонија годинава запишани се и пет питомци од Босна и Херцеговина и три од Црна Гора

притисни ентер