Групата „ABBA“ се враќа меѓу своите фанови!

Членовите на култната група која ги доживеа своите ѕвездени мигови пред 4 децении, повторно се собираат!

Тие не настапиле заедно повеќе од 30 години, но сега се враќаат пред своите фанови. Не се знае точно во каква форма ќе биде новото шоу на Агнета Фалтског (66), Бјорн Улваеус (71), Бени Андерсон (69) и Ани Фрид Лингстад (70), но тоа ќе биде еден вид на поврзување на виртуелна реалност со вештачката интелигенција, што ќе им овозможи на фановите интеракција со легендарниот диско звук на бендот - пишува „Woman`s day“.

Image result for абба


Сето тоа ќе се развива во соработка со музичкиот менаџер Сајмон Фулер кој е заслужен за славата која во `90-те ја постигнаа „Spice Girls“.


- Истражуваме нов технолошки свет кој ќе ни овозможи да креираме нови форми на забава и содржини кои претходно сме ги замислувале - вели Фулер.

Ани Фрид Лингстад изјави дека фановите од целиот свет прашуваат дали групата повторно ќе се обедини.

- Инспирирани сме од безграничните можности што ги содржи иднината и среќни сме што сме дел од создавањето на нешто ново и драматично. Временска машина која ја содржи суштината која бевме и сеуште сме - вели таа.

Хитовите на шведскиот бенд не губат од актуелност - никој не може да ги заборави „Waterloo“ , „S.O.S.“ и легендарната „Mamma Mia“ која инспирираше мјузикли на многу театарски сцени....

Ова е нивниот „заразен“ ритам:






Image result for abba today 2016





Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат 1 Мај

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“.

Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени.

Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот.

Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава.

Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42.000 полицајци. /МИА

15 годишник најмлад пациент со мозочен удар

25 илјади пациенти во статистиката биле запишани дека минатата година имале мозочен удар.

15 годишен пациент е најмладјиот на клиниката за неврологија. Неврохирургот Рендевски вели дека бројката се зголемува и на клиниката за неврохирургија, но и расте бројот на мозочни удари и кај млади луѓе. Причина за мозочните удари се нерегуларниот висок притисок. Емотивниот стрес, големата количина на храна со сол е причина за високиот притисок. Неврохиругот Рендевски вели дека многу често високиот крвен притисок се игнорира но последиците се големи и со ризик за губње на живот. Она што е важно е лекувањето по хеморагичните мозочни удари. Неврохирургот Рендевски и биологот Алексовски со години ја истражуваат маркерките кои по прележаниот удар покажуваат како ќе се лекува пациенотот. Преку математички формули определуваат како биомаркерите влијаат вра развојот на отокот по ударот.

Истражувањето е објавено во престижното медицинско списание Интеч Опен во Лондон го објави истражувањето „Двете страни на глутаматот“ маркер кој е најодговорен за лекувањето по прележан удар.

Рендевски и Алексовски веруваат дека со развојот на ова истражување ќе се направи фокус во лекувањето кај пацинтите со мозочен удар.

Утре нов обид да се намалат ценита на осигурителните полиси

Утре во министерството за финасии ќе има нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата.

Одлуката доаѓа откако и покрај предлогот на финасии да останат старите цени пред 25 Април осигуртелние компании наплатуваат по повиски цени. По утрешниот состанок се очекува да се достави предлог со цени до владата за формирање на нов тарифник со кои ќе се влијае на намалување на цените. Владата ќе ја донесе конечната одлука на седница кои цени ќе останат. Според извори од Агенцијата за супервизија со податоци за Канал 5 објаснуваат зошто цените на задолжителната автомобилска одговорност не треба да се зголемат.

Според добиените податоци, за 2023 година за штети осигурителните компании исплатиле 39,3 милиони евра што претставува само 45%од парите наплатени од осигурениците. Додека наплатата била 65милиони евра. Во однос на претходниот тренд бил дека осигуртелните компании исплаќале и до 50% од собраните средства. Вкупно за 2023 година се исплатени над една милијарда денари провизии за продажба на автомобилско осигурување. Доколку останат цените што ги одредило Националното биро, сопствениците на возила со моќност на моторот од 44 до 55 киловати наместо 5.453 денари, сега за осигурување ќе треба да платат 839 денари повеќе, односно 6.292 денари. Најголемо зголемување на цената на осигурителната полиса ќе почувствуваат сопствениците на возила со помоќен мотор. Над 1300 денари повеќе ќе платат возачите чии коли се со моќност од 84 до 110 кв, додека пак над 1500 денари повеќе ќе ги чини осигурувањето тие кои поседуваат автомобил со моќност на моторот од над 110 киловати.

Оправдувањето на осигурителните компании одлуката за зголемување на цената на осигурителната полиса за 15,4 ‘ ја оправудваат дека повеќе од десет година цената не е промената, а трошоците им се зголемиле.

притисни ентер