Гром ќе се залага за изградба на 5 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Изјава за медиуми на Добрила Андоновска носител на листа во ИЕ1.

Денеска сме во посета на Старскиот дом ,,Мајка Тереза" во Скопје, кој работи во склоп на Геријатрискиот центар 13 Ноември - Скопје.

Старскиот дом Мајка Тереза е единствен државен старски дом во Скопје и згрижува само 75 лица. Во Македонија постојат само 4 државни старски домови од ваков тип: Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Берово со вкупен капацитет од 650 - 700 стари лица.

Македонија има итна потреба од 15 Старечки домови. Друг и многу сериозен е проблемот со Геријатриските центри. Во Македонија постои само еден Геријатриски центар во Скопје. Состојбата е алармантна земајќи во предвид дека младите луѓе масовно се иселуваат од државата и популацијата старее.

Старите лица мора да се згрижат.

Ќе инсистираме за нови 15 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри кои за почеток би биле во склоп на општите болници кои може да ослободат 30 - 40 болнички кревети за оваа намена, со што би имале и медицински третман.

При посетата разговаравме со раководителот на старскиот до г-дин. Драган Павлов и ги скениравме сите проблеми. Воедно го посетивме и штандот на рачни ракотворби на жените сместени во домот и купивме ракотворби со желба да се помогне на нашите драги сограѓани, се наведува во партиското соопштение.

Швајцарија објави дека во оваа фаза Русија не е поканета на мировните преговори за Украина

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во оваа фаза“ Русија не е поканета да учествува во разговорите за постигнување мировен договор меѓу Москва и Украина, што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

-Швајцарија е убедена дека Русија треба да биде вклучена во овој процес, се вели во соопштението на владата во Берн.

Се додава дека мировниот процес без Русија е невозможен. /МИА

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

притисни ентер