Грин: Сакаме да го задржиме Клеј Томпсон и за следната сезона

Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин кажа за желбата на целиот тим околу иднината на Клеј Томпсон.

Претстојното лето Томпсон ќе биде слободен играч.

- Сакаме да го задржиме Клеј Томпсон. Поминавме со него и неверојатни подеми, и разочарувачки падови. Но, заедничкиот именител во ова прашање е дека ние сме го поминале секое од овие сценарија заедно. Нема сомнеж дека сакаме да продолжиме да го правиме она што го правевме. Во исто време, разбирам дека Клеј треба да донесе одлука - најдобрата одлука за него. Истото може да се каже и за тимот. Немам причина да мислам дека сопствениците на нашиот клуб нема да се погрижат за нас, изјави Грин.

Голден Стејт ноќеска во плејинот загуби од Сакраменто кингс и не успеа да обезбеди учество во разигрувањето за титулата.

Силен земјотрес во Србија

Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор,Белград како и во други градови во источна Србија, а некои велат дека е почувствуван и во Ниш.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација

 Вулканот Маунт Руанг во Индонезија денеска повторно еруптираше, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри.

Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2.000 метри, соопшти геолошката агенција на Индонезија.

Агенцијата ги повика жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепел.

Последната ерупција следува по зголемената вулканска активност која почна во средината на април.

Индонезиските власти претходно издадоа предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше повеќекратни големи ерупции, исфрлајќи пепел високи до висина од 3.000 метри.

Тие ерупции ги натераа воздухопловните власти да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот, за да ги заштитат летовите од опасната вулканска пепел.

Вулканот висок 725 метри е еден од најактивните во Индонезија. Последната голема ерупција на Маунт Руанг се случи во 2002 година, генерирајќи пирокластични текови кои предизвикаа штета на околината.

Во Индонезија, сместена на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често има сеизмичка и вулканска активност.

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест.

Причина за незадоволството кај работниците велат дека е неусогласувањето на платите со растот на минималецот, а бараат и разрешување на управниот одбор на Фондот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

притисни ентер