Грчкиот Парламент расправа за ратификација на Договорот од Преспа

Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер.

Седницата ќе трае колку што ќе биде потребно, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор.

Проценките и пресметките се дека Договорот ќе биде ратификуван со најмалку 151 глас, а судејќи според последните јавни изјави на пратениците, веројатно е да биде ратификуван со 153 гласа „за", јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата и претходеше дводневна парламентарна комисија, а по обраќањето на 38 пратеници и двајцата известувачи и вкупно 12 часа дискусија, Комисијата за надворешни работи и одбрана на грчкиот Парламент го усвои нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа.

-Како што произлегува од дискусијата и изнесените ставови на членовите на Комисијата и на присутните членови, нацрт законот од Министерството за надворешни работи на Грција „Ратификација на конечниот договор за решавање на разликите, прекинување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните" со мнозинство е усвоен и во секој член и во целост, рече претседателот на Комисијата, пратеникот од СИРИЗА, Костас Дузинас на крајот од расправата.

Со говор, седницата ја затвори алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос кој говореше за успешен договор и рече дека „очекува одговорност, чувство за национална одговорност и искреност од сите политички сили".

Претходно, дискусија се отвори околу термините националност и државјанство, но и дали со Договорот од Преспа се признава или не „македонски народ".

Катругалос рече дека државите признаваат држави, а не народи или нации, а самоопределувањето не може да биде предмет во договорите.

Јоргос Кумуцакос од Нова демократија коментираше дека во договорот, во делот за државјанство требало да биде само терминот „ државјанство на Северна Македонија".

Во продолжение реагираше и поранешниот коалиционен партнер во владата, лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, велејќи дека, „Катругалос рече дека е нивно право да се самоопределуваат како македонски народ".

Тема на дискусија беше и барањето на опозициската Нова демократија, повторено од надлежниот за надворешна политика во партијата, Јоргос Кумуцакос, да биде доставен целиот македонски Устав, како и текстот со оставката на Коѕијас.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, му објасни на Кумуцакос дека во соседната земја, амандманите не се вметнуваат во Уставот, туку се додаваат на крајот од уставниот текст и му посочи дека уставните измени се вклучени во Вербалната нота доставена и во грчкиот Парламент.

На дводневната расправа збор зедоа пратениците, кои ги повторија позициите на нивните партии, оние кои што се „за", говореа за позитивните аспекти на Договорот, додека пак оние што се „против" со свои аргументи го поддржаа овој нивни став, објаснувајќи зошто нема да гласаат за ратификација на договорот меѓу двете земји.

Позитивно за договорот говореа пратениците од СИРИЗА, како и независниот пратеник Данелис и Мавротас од Река.

– Македонија не е една и грчка. Грчката Македонија е грчка. Постојат многу Македонии. Македонии и на другите, кои јасно се одредуваат со Договорот од Букурешт со нашиот потпис, со грчки потпис. Па така, кога слушаме „Македонија е една и грчка", тоа се сфаќа како иредентизам, рече пратеникот од СИРИЗА, Никос Филис кој објасни дека „Македонија стана грчка".

Јанис Аманатдис, пратеникот од СИРИЗА во неговото обраќање рече дека договорот е урамнотежен, национално корисен, ѝ служи на националната позиција и треба да биде изгласан од грчкиот Парламент.

Пратеникот Спирос Данелис, кој поради позитивниот став за договорот беше избришан од пратеничката група на Река, рече дека „вистинскиот патриотизам бара самодоверба и почитување на патриотизмот на другите".

Опозициските партии, Нова демократија, Демократска алијанса, Златна зора, Независни Грци, Сојуз на централисти и Комунистичката партија на Грција, заедно со независниот пратеник Димитрис Каменос, се против договорот.

Голем дел од пратениците од Нова демократија, во нивните говори го споменаа протестот во неделата, како одговор на граѓаните во однос на Договорот од Преспа. Пратеникот Атанасиос Кавадиас од опозициската партија рече дека 7 од 10 Грци не се согласуваат со договорот и ја повика владата да ги слушне граѓаните.

Василис Кикиљас од Нова демократија, повтори дека во тие веруваат и сметаат дека „договорот е штетен за Грција, бидејќи отстапува суверени права и додаде дека за конкретниот договор „нема мнозинство во општеството и нема мнозинство во грчкиот Парламент".

Василис Кегероглу од Демократска алијанса, рече дека договорот бил донесен без национален консензус, а „решението го зајакнува иредентизмот на другата страна".

Независниот пратеник Димитрис Каменос кој е против договорот на членовите на комисијата им ја прочита македонската химна, коментирајќи дека „соседите се горди на Македонија, а не на Северна Македонија". МИА

СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.  

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.

Благодарни на неговото делот, споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев останува вечен.

Блинкен: Хамас е единествената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот државен секретар Антони Блинкен.

„Чекаме да видиме дали навистина ќе се согласат на прекин на огнот и дали ќе ги ослободат заложниците“, рече Блинкен на форумот Седона на Институтот Мекејн во Аризона.

„Реалноста во моментов е дека Хамас е единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“, додаде тој. Израел и земјите посредници сè уште чекаат одговор од исламистичкото движење на предлогот за 40-дневно примирје поврзано со ослободувањето на заложниците во Газа во замена за палестинските затвореници кои ги држи Израел.

Делегација на Хамас денеска замина за Каиро за да ги продолжи разговорите. Истакнувајќи дека милитантите на Хамас „тврдат дека го претставуваат“ палестинскиот народ, Блинкен рече дека „ако тоа е вистина, прекинот на огнот треба да се прифати“.

Американскиот државен секретар, исто така, процени дека израелскиот напад врз Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, кој е дом на повеќе од милион Палестинци раселени поради војната, ќе предизвика штета „поголема отколку што е прифатливо“. Според Блинкен, Израел не претставил никаков план за заштита на цивилите при овој можен напад.

„Во отсуство на таков план, не можеме да поддржиме голема воена операција во Рафа, бидејќи штетата што таа би ја предизвикала би била над она што е прифатливо“, рече тој. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот ја потврди намерата да започне офанзива на Рафа „со или без договор“ за прекин на огнот. „Ќе направиме сѐ што е потребно за да го победиме и поразиме нашиот непријател“, рече тој.

Мицкоски за спортските ваучери: Граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање  во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.

- Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

- Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.

притисни ентер