Градоначалникот на Бруклин демократски кандидат за градоначалник на Њујорк

Градоначалникот на Бруклин, Ерик Адамс ќе биде кандидат на Демократската партија за градоначалник на Њујорк.

Тој вети дека ќе се бори против растечкиот криминал и насилството во градот и ќе стави крај на практиката на полициска бруталност кон малцинствата.

Ако биде избран, Адамс ќе биде вториот Афроамериканец на чело на Њујорк, пренесува Глас на Америка.

Со помош на новиот систем на гласање, тој победи голем број кандидати во рамките на Демократската партија, а по него следеше Кетрин Гарсија.

Републикански противник на Адамс ќе биде Куртис Силва, основач на организацијата „Ангели чувари".

Адамс е умерен демократ кој се противи на движењето за укинување на буџетот на полицијата. Тој често зборуваше за тоа како полицијата го претепала кога имал 15 години, па и тој самиот доживеал полициска бруталност. Сепак, тој стана полицаец во 1984 година.

Шеф на општината Бруклин е од 2013 година.

Актуелниот градоначалник на Њујорк, демократот Бил де Блазио, според правилата, не може да се кандидира за трет мандат.

За брзо возење казнети 553 возачи

Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 553 возачи.

Од нив, како што информираат денеска од МВР, 38 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 327 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелирааат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонесе за побезбедни патишта.

Групацијата Емирати објави рекордна добивка од 5,1 милијарди долари, што е раст од 71 отсто

Групацијата Емирати, со седиште во Дубаи и сопственик на најголемата истоимена авиокомпанија од Блискиот Исток, денеска објави рекордна годишна нето добивка од 5,1 милијарди долари, што е зголемување за 71 отсто во однос на претходната фискална год.

Групацијата Емирати, со седиште во Дубаи и сопственик на најголемата истоимена авиокомпанија од Блискиот Исток, денеска објави рекордна годишна нето добивка од 5,1 милијарди долари, што е зголемување за 71 отсто во однос на претходната фискална година.

Во фискалната 2023-2024 г. во годината што заврши на крајот на март, групата покажа нови рекордни резултати, наведе извршниот директор Шеик Ахмед бин Саед Ал Махтум во соопштението.

Тој ја нагласи големата побарувачка за авиопревоз и услуги поврзани со патувањето во светот. Групацијата Емирати е во сопственост на владата на Дубаи.

Самата авиокомпанија „Емирати“ имаше профит од 4,7 милијарди долари, што е раст од 63 отсто на годишна основа. Групацијата Емирати ја поседува и Дната, компанија која обезбедува услуги на аеродромот во Дубаи, еден од најпрометните аеродроми во светот, како и компании за храна, пијалоци и забава.

Авиокомпанијата „Емирати“ превезе 51,9 милиони патници во изминатата фискална година во споредба со 43,6 милиони во претходната година.

Почнува 77. Меѓународен филмски фестивал во Кан

Претседател на жирито годинава е Грета Гервиг, американската независна режисерка чијшто филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.

Во Кан, Франција, утре почнува 77. Меѓународен филмски фестивал, којшто ќе го одбележи враќањето на ѕвезди како Мерил Стрип, Френсис Форд Копола и Катрин Денев, а за главната награда - „Златна палма“ ќе се борат 22 остварувања.

Фестивалот ќе трае до 25 мај. Во трката, меѓу другото, е и „Мегалополис“ на Копола, со којшто познатиот режисер се враќа во Кан 45 години по „Златната палма“ за култниот антивоен филм „Апокалипса сега“. На списокот се најде и филм на режисерот Жак Одијар, добитник на „Златната палма“ од 2015 година. Тој годинава ќе се натпреварува со „Емилија Перез“ - жанровски определен како криминалистички мјузикл, со Селена Гомез во главната улога.

Во конкуренција за „Златната палма“ е и филмот на прогонетиот руски режисер Кирил Серебреников - „Лимонов“, како и „Видови љубезност“ на Јоргос Лантимос.

Режисерот Кристоф Оноре ќе се натпреварува со филмот „Марчело мио“ - посветен на Марчело Мастројани, кој почина во 1996 година, а годинава се одбележува 100-годишнината од неговото раѓање. За него ќе зборуваат Катрин Денев и ќерка му Кјара Мастројани.

Мерил Стрип (74) ќе добие почесна „Златна палма“ на свеченото отворање на фестивалот. Оваа година и креаторот на брендот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас ќе биде почестен со „Златна палма“, како и продукцијата „Студио Гибли“ на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Претседател на жирито годинава е Грета Гервиг, американската независна режисерка чијшто филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.

Минатогодишниот победник беше „Анатомија на падот“ на француската режисерка Жастин Трие, којшто потоа доби и „Оскар“ за најдобро сценарио од Американската академија за филмски уметности и науки.

Престижната „Златна палма“, вообичаено вредна околу 20.000 евра, се чува во добро обезбеден сеф на непознато место - до нејзиното предавање. Жирито во најголема тајност одлучува за победникот. Покрај „Златната палма“, од 2000 година се доделува и „Мини-палма“, макета на „Златната палма“ - за најдобра глумица и глумец.

притисни ентер