Градоначалник сакал да го фотографира законот, но покажал и што сака во сексот (фото)

Германски градоначалник се нашол во непријатна ситуација откако е откриено што пребарувал на интернет.

Томас Копл учествувал во дебатата на Партијата Алтернатива за Германија и сакал да ја фотографира (со скриншот она што се наоѓа на мониторот) еден од државните закон за да покаже дека има право во политичката размена на мислења.

Успешно го фотографирал законот, но и истовремено ја сликал и историјата на својот пребарувач.

Имено во неговата историја на пребарување се наоѓале снимки од „BDSM”, односно сексуално играње на улоги кои вклучуваат врзување, доминација, субмисивност и садо-мазохизам, како и останати интерперсонални динамики.

Mayor Thomas Köppl posted a picture of the German Constitution to back up points he was making in a debate about the Alternative for Germany party (AfD), which is anti-Euro and immigration


Градоначалникот веднаш ја избришал фотографијата откако сфатил што се наоѓа на неа.

But the screenshot it also revealed other tabs for pages entitled 'Punishment Porn Videos', 'BDSM porno videos', and 'German slut punished'

Како што пренесува „Bild” Копл објаснил дека на одмор слушнал разговор меѓу двајца мажи кои спомнувале „BDSM”. Тој во изјава за весниците додал дека никогаш претходно немал слушнато за овој збор, па се одлучил да го дознае неговото значење.

„Не бев во тек и тоа страшно ме изнервира. Спомнаа неколку сајтови. Кога отидоа во своите соби јас пребарав на интернет да видат за што се работи“ – изјави Копл.

Седницата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Сребреница е закажана за 23 мај

Седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која ќе се разгледува резолуцијата за Сребреница е закажана за 23 мај, објавено е на веб-страницата на Генералното собрание на ОН.

По две одложувања, денеска требаше резолуцијата да се најде на дневен ред, но изјаснувањето за тоа прашање е одложено за уште една недела.

Илон Маск повторно сведочи во истрагата на СЕК за преземањето на Твитер

 Американскиот федерален суд нареди дека Илон Маск мора повторно да сведочи пред Комисијата за хартии од вредност на САД (СЕК) за неговото преземање на Твитер за 44 милијарди долари.

СЕК го тужеше Маск во октомври за да го принуди извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла и ракетната компанија Сепјс Икс (SpaceX) да сведочи откако тој одби да биде испрашан во септември за целите на истрагата. Милијардерот тогаш изјави дека СЕК се обидува да го „малтретира“ со бројни судски покани.

Истрагата се обидува да утврди дали Маск ги прекршил федералните закони за хартии од вредност кога купил акции на Твитер во 2022 година.

Исто така, се разгледуваат изјавите и поднесоците што ги дал во СЕК поврзани со договорот, објави агенцијата претходно.

Анчелоти: Ова беше мојата најдобра сезона како тренер

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде оценка за сезоната која е во завршница.

Реал Мадрид синоќа во натпревар од 37. коло на Шпанското фудбалско првенство го победи Алавес со 5:0.

- Тимот има многу таленти, многу млади луѓе и многу квалитетен тим. Овој клуб може да одбележи ера во иднина со оглед на вредноста на младите играчи кои ги имаме во моментов. Ова беше мојата најдобра сезона како тренер. Тимот се претстави фантастично во Ла Лига, достојно и без никаков сомнеж ја освоивме титулата. Сите чекаа наш пад, но до тоа не дојде. Среќни сме и на седмо небо. Но, треба да продолжиме бидејќи сè уште не сме го одиграле најважниот натпревар, изјави Анчелоти за официјалниот сајт на клубот.

Реал Мадрид ја освои деветтата победа во низа во Ла Лига.

Тимот предводен од Карло Анчелоти, кој одамна ја обезбеди шампионската титула е лидер во поредокот со 93 освоени бодови.

Алавес е на 11. место со 42 бода.

притисни ентер