Градинките може да почнат со работа и во септември?

Градинките може да почнат со работа во септември смета министерот за здравство Венко Филипче.

Според него предвидените се сите процедури што треба да се преземе дури и при појава на покачена телесна температура кој некое дете во градинката. Според Филипче со овие процедури приоритет е зачувувањето на здравјето на децата.

„На последниот состанок на Комисијата за заразни болести зборувавме и за алгоритмот како би постапувале кога би се појавило некое дете со покачена телесна температура. Во таа смисла, имавме заеднички состанок со сите директори на Центрите за јавно здравје во државата. Да се знае како ќе биде комуникацијата помеѓу градинката, центарот за јавно здравје, матичниот педијатар и како ќе се известуваат и по кој алгоритам и кои родители, на кои деца во истата група или на другите, согласно проценетиот ризик од епидемиологот. Така да, сме размислиле и сме дискутирале и расчистиле дилемите за сите аспекти во однос на почетокот на работата на градинките.- Венко Филипче министер за здравство

Според министерот за здравство Филипче останува уште само на владина седница да се донесе соодветна одлука по предлог на Министерството за труд за точниот датум за почеток на работат за кој смета дека ќе биде во септември. За почетокот на училишната година, Филипче истакна дека комбинираниот модел е засега решение со кое би се избегнало сценариото на заболени деца. Целта е сите ученици да бидат во училниците, заради тоа што физичкото присуство со предавањата нема алтернатива. Он лајн наставата е само една можност а враќањето во училишните клупи се планира да се прави постепено. За одвивање на онлајн настава од Финки има најава дека се работи на платформа наменета за 300 илјади корисници која очекуваат да биде готова до 15 септември. Оваа унифицирана национална платформа предвидено е да има двонасочна комуникација, наставниците лесно ќе можат да држат онлајн час, да објавуваат наставни материјали и да поставуваат домашни задачи. Преку оваа платформа ќе може да се следи настава и од мобилен телефон но за да се напише домашна, полесно да се чита и да се решаваат тестови ќе биде потребен наједноставен компјутер без некои големи карактеристики.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер