Град Скопје ги избра најдобрите спортисти за 2016 година

Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на за 2016 година.

Традиционално Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за годината што изминува. Се избираат најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешните 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

Дел од признанијата за најдобрите спортисти ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

- Ви честитам за трудот и залагањето во постигнувањето на вашите резултати, достигнувања што во континуитет ги афирмираат главниот град и Република Македонија. Чувствувам гордост, што како Градоначалник на Град Скопје денеска имам чест да Ве поздравам и да Ви честитам на вас спортистките и спортистите, тренерите, спортските работници и екипите што постигнавте завидни резултати на најсилни европски и светски натпревари, претставувајќи го достоинствено Градот Скопје и Република Македонија како најпродуктивните можни амбасадори. Градот Скопје и натаму ќе дава поддршка – финансиска, логистичка и морална, со цел и натаму да се радуваме и да ги славиме и идните спортски успеси, рече градоначалникот Трајановски.

Спортисти на годината на Скопје за 2016 година се:

Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија:

1. Томи Стефановски – Пливачки клуб Бета (Шампион во генерален пласман во далечинско и маратонско пливање на FINA Гран При серија и победник на „Охридскиот Маратон 2016“).
2. Филип Панчевски - Шаховски клуб Алкалоид (Европски шампион со шаховскиот клуб Алкалоид на Европското клубско првенство во Нови Сад, Србија).
3. Милан Кубин – Кик боксинг клуб Гладијатор (2 место во „Лоу Кик“ на Европско првенство за сениори во Лутраки, Грција).
4. Сара Ристовска – Женски ракометен клуб Вардар (3 место на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта во Лига на Шампиони 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија која обезбеди бараж за настап на Светско првенство во 2017 година).
5. Наташа Стефановска – Карате клуб Макпетрол (5 место во Кумите во категорија до 61 кг. на Европско првенство во Монпеље, Франција).
6. Стојанче Стоилов – Ракометен клуб Вардар (Учесник на Лигата на Шампиони 2015/2016 и со својот клуб влезе во осумте најдобри европски клубови, капитен на Македонската сениорска репрезентација која ќе учествува на Светско Првенство во Франција во Јануари 2017 година).
7. Енес Смаилагиќ – Карате клуб Цветан Димов (7 место на Европско првенство за сениори во Монпеље, Франција и 1 место на Балканско првенство за сениори во Истанбул, Турција).
8. Дарко Велковски - Фудбалски клуб Вардар (Учесник со клубот во Лигата на Шамиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезона 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија и со младинската репрезентација на Македонија У21, се пласира на Европското првенство за младинци У21 во Полска 2017 година).
9. Гоце Јанески – Боксерски клуб Аперкат (Освојувач на Златен Гонг Скопје 2016 и 2 место на Златна Ракавица, Србија).
10. Бобан Грнчаров – Фудбалски клуб Вардар (Учесник оваа сезона во Лигата на Шампиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезоната 2015/2016 и еден од најдобрите одбранбени играчи во домашното првенство).

Најуспешни пет спортисти во младинска категорија:

1. Азис Исмаил – Карате клуб Металург (3 место во категорија до 75 кг на Европско првенство за јуниори У21 Лимасол, Кипар).
2. Моника Пендароска – Карате Клуб Макпетрол (3 место во категорија до 53 кг на Европско првенство за јуниори У21 Лимасол, Кипар).
3. Елмедин Сејфулау - Боречки клуб Лирија 2010 (5 место во слободен стил на Европско првенство за јуниори У20 Букурешт, Романија).
4. Ељиф Елмас – Фудбалски клуб Работнички (Учесник во Лига Европа на UEFA и стигнува до четврто квалификациско коло, член на младинската репрезентација на Македонија У21, со која се пласира на Европското првенство за младинци У21 во Полска 2017 година).
5. Абреша Реџепи – Џудо клуб ИПОН (3 место на Европски Куп за кадети и јуниори во Букурешт, Романија).

Најуспешен тренер:

Раул Гонзалес – Ракометен клуб Вардар (Освојувач на Шампионатот на Македонија 2015/2016 година, освојувач на Националниот Куп на Македонија 2016 година, три години по ред меѓу најдобрите 8 европски клубови во ракометната Лига на Шампиони и Вицешампион на SEHA Лигата за сезона 2015/2016 година, со тенденција за во новата сезона во Лигата на Шампиони со својот клуб да влезе во најдобрите четири клубови во Европа на турнирот во Келн, Германија).

Најуспешна спортска екипа од Скопје:

Шаховски клуб Алкалоид (Европски Шампиони на Европското клубско првенството во Нови Сад, Србија).

Најуспешен спортист – странец кој настапува за екипа од Скопје:

Амандин Лејно – Женски ракометен клуб Вардар (Една од најдобрите европски и светски голмани и со својот клуб го освојува 3 место на FINAL FOUR турнирот на Ракометната Лига на Шампиони во Будимпешта, Унгарија сезона 2015/2016 година).

Најуспешен спортист во категорија на лица со посебни потреби:

Трајче Стојановски – Здружение на лица со телесен инвалидитет на Скопје МОБИЛНОСТ СКОПЈЕ (Еден од најуспешните спортисти кај лицата со телесен инвалидитет, Државен првак на Македонија во пинг-понг во класа 3 колички).

Покрај градоначалникот Трајановски, дел од наградите ги доделија и Јован Лазарев, член на Советот на Град Скопје, Александар Бичиклиски, член на Советот на Град Скопје и претседател на комисијата за спорт при Советот на Град Скопје, Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт, Алајдин Алија, член на Советот на Град Скопје и Наташа Илиевска-Јордановска, претседател на Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Со овој напиток Ѓоковиќ го почнува денот – Сокот од целер на празен стомак е најздрав наутро!

Откако ќе го испиете во наредните 15 минути до половина час не внесувајте ништо!

Сокот од целер стана исклучително популарен кај љубителите на здравата исхрана. Најдобриот српски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ во интервју за американските медиуми откри дека својата сила и физичка подготвеност, меѓу другото, ги должи и на сокот од целер.

- Денот го почнувам со топла вода и лимон за да му помогнам на телото да се детоксицира. А потоа пијам сок од целер на празен стомак – изјавил Ѓоковиќ.

Без додавање вода

Ентони Вилијамс, автор на бестселерот на Њујорк Тајмс „Чистење на телото“, тврди дека сокот од целер е најкорисната храна што постои на нашата планета.

Целерот првенствено е намирница со висока содржина на вода, па затоа одлично го хидрира организмот. Богат е со влакна кои ги чистат и штитат цревата, витамини К, А и Ц, калиум, но содржи и висока содржина на натриумови јони кои ги уништуваат патогените микроорганизми, содржи и дигестивни ензими кои ги смируваат цревата и растителни хормони кои го урамнотежуваат ендокриниот систем. Сокот од целер може да се пие превентивно, но и поради одредени здравствени проблеми.

Тој наведе само некои од придобивките од сокот од целер и зошто треба да се пие наутро на празен стомак:

- сокот од целер е богат со електролити

- ги отстранува кристализираните токсични соли наталожени на органите

- спречува токсините да ги оштетат клетките и органите

- го ослабува дејството на тешките метали кои можеби сте ги наталожиле во организмот

- ги уништува бактериите, вирусите и габите

- ја стабилизира крвта

- го зајакнува целиот имунолошки систем веднаш по пиењето

- го оптимизира варењето

- ги храни сите органи на ендокриниот систем и така ја враќа хормоналната рамнотежа

- има антиоксидативно дејство

Како што истакнуваат нутриционистите, оптимална мерка е 150 мл сок од целер дневно.

Рецепт за сок од целер

Земете два китки целер, исечете ја основата и врвот на стебленцата. Измијте ги, исечете ги и ставете ги во блендер. Според Вилијамс, не треба да додавате вода или коцки мраз, туку да го пиете сокот во неговата изворна форма без да ја цедите пулпата. Сокот мора да биде чист, да не се меша со друго овошје или зеленчук. Откако ќе го испиете на празен стомак, во наредните 15-30 минути не јадете и не пијте ништо. Сокот од целер во комбинација со морков или јаболка може да го пиете и подоцна во текот на денот, а наутро, на празен стомак пијте го чист.

Трик за чистење јагоди - Нема да верувате колку всушност е едноставно! (видео)

На многумина јагодите им се омилено овошје. Покрај тоа што мамат со својот изглед и вкус,тие се исклучително здрави и го зајакнуваат нашиот имунитет. Ова овошје е богато со различни хранливи материи и честопати е омилено задоволство ширум светот.

Деновиве, пазарите се преплавени со ова овошје кое муштериите го купуваат иако неговата цена е висока на почетокот на сезоната. Меѓутоа, кога станува збор за чистењето јагоди, повеќето домаќинки отворено кажуваат дека за вадење на петелката им е потребно време и некогаш се доста неспретни во тоа.

Затоа некои од нив се обиделе да експериментираат и да најдат полесен начин да ги исчистат. Една корисничка на Инстаграм споделила генијална идеја од нејзината баба, која со години го користи овој начин за да се ослободи од петелките на јаготките.

Наместо да ги исече со нож или да ги извади со раце, таа користи цврста пластична цевка за да ги отстрани во еден потег.

Трикот е многу едноставен, а видеото привлече големо внимание кај корисниците на Инстаграм. Оваа „инфлуенсерка“ признала дека ова е најефективниот метод за чистење на јагодите, а луѓето во коментарите признале дека им биле потребни децении за да научат овој генијален трик.

Некои корисници на мрежата признале дека на овој начин се губи најдобриот дел од ова овошје, признавајќи дека јагодите се многу вкусни кога се јадат до самиот врв, односно до петелката.

Некои домаќинки во коментарите признале дека долго време го користат овој трик и дека им олеснува и при други задачи во кујната, при тоа порачале дека треба да се експериментира и да се користи она што го имаме на располагање во кујната.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер