Google ќе ги поврзе Европа и Африка со подморски кабел

Google го објави поставувањето  на новиот подмарски кабел "Еквиано" кој ќе ја поврзе Африка со Европа во рамките на планираното проширување на инфраструктурата за клауд интернетот.

Еквиано ќе ја поврзе Јужна Африка со Португалија. Врската е именувана по африканскиот писател и аболиционист Олаудаху Еквиан, кој живеел во 18 век. Во мемоарите, тој вели дека е роден во Нигерија , земјата која најверојатно ќе биде првата каде ќе се дели новиот кабел на Google, трет меѓународен кабел на оваа компанија.

Google го довери поставувањето на кабелот на Alcatel Submarine Networks. Договорот беше потпишан во четвртиот триместар од 2018 година.

"Equiano ќе биде првиот подморски кабел кој вклучува оптички влакна наместо традиционалните преклопници на бранови должини ", се наведува од компанијата . Во текот на изминатите три години, тие инвестираа 47 милијарди долари во подобрувањето на нивната глобална технолошка инфраструктура. Equiano е нивна четврта инвестиција во подморскиот кабелски сегмент на глобално ниво.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони

И покрај опструкциите со кои се соочува нашиот градоначалник Борче Митевски овде во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.

Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.

Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.

Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

„Гответе со Дракче“ - Макало од компири

Во петок (03.05.2024) во емисијата гостин ни беше Рада Бошковска

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. кромпир

3 пакувања сув пипер

1 главица лук

1 китка магдонос

сол и бибер по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Во Пустец ќе биде откриена спомен-биста на Гоце Делчев

На свеченост организирана од општина Пустец денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.

Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.

- Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, изјави Колефски за МИА по доставеното барање.

Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

притисни ентер