Голема аукција по повод 60. годишнината од Џејмс Бонд- се нудат славните автомобили

На големата онлајн аукција ќе бидат понудени низа интересни предмети од филмовите, од книгите и костимите до безвременските автомобилски класици.

Аукциската куќа Кристи прославува 60 години од филмската франшиза за Џејмс Бонд со аукција во два дела, чии приходи ќе бидат донирани во добротворни цели.

Се нудат голем број предмети, а кога се во прашање автомобилите, најзначаен е последниот филм од серијата, Нема време за умирање. Понудата започнува со Jaguar XF возен во филмот од негативците во потерата по Бонд и Медлејн Сван. Се очекува дека би можел да достигне цена од 70.000 фунти.

Во понуда е и Range Rover SVR, кој би требало да достигне цена од најмалку 80.000 фунти. На аукција се најде и Land Rover Defender Bond Edition. Придвижуван од V8 мотор, овој модел не се појави во филмот, но е дел од ограничената серија од 300 примероци и единствен со ознаката „60 Years of Bond“. Се проценува дека ќе предизвика голем интерес, а со тоа и веројатно цена од 300.000 фунти. Понуден е и Defender од филмскиот сет, кој би можел да достигне повисока цена.

Конечно, тука се и Aston Martin. Посебно интересен е моделот V8, кој се појавува во филмот со Крег, а буди спомени на моделот од филмот The Living Daylights. Доволно да ја доведе цената до 700.000 фунти. Конечно, како врв на понудата доаѓа репликата на DB5 која е произведена исклучиво за снимањето на најновиот филм. Има модерен 3,2 шестцилиндричен мотор и мануелен менувач, а и покрај оштетувањата е најскапиот експонат со проценета цена до два милиони евра.

Да речеме и дека дури и обожавателите со поскромен буџет ќе најдат интересни предмети на аукцијата. Се нудат различни костими, куфери, па дури и маски од филмот Spectre. Почетокот на лицитацијата е најавен за 15 септември.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер