Голем успех на македонската продукција на „Набуко“ во Софија

Со силни аплаузи синоќа во Софиската национална опера и балет беше поздравена изведбата на оперската претстава "Набуко" од Џузепе Верди во изведба на македонската Национална опера и балет.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков кој ја проследи претставата заедно со неговиот бугарски колега Најден Тодоров, упати честитки за македонскиот ансамбл. Љутков изрази задоволство од соработката помеѓу најаголемите музичко-сценски куќи на двете држави, која се одвива на реципрочна основа, и најави развој на соработката токму со вложување во големи продукции. „Културата е делот каде што се надминуваат сите проблеми, затоа ние ќе продолжиме да ја развиваме соработката во културата и во туризмот, сектори кои може да донесат и економски придобивки за двете земји“, рече министерот Љутков.

Со гостувањето на македонскиот ансамбл и официјално беше отворена новата сезона на Софиска опера. Изведбата ја проследија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кои заедно со министерот за култура и туризам, Љутков ја претставуваа македонската делегација во Софија, по повод гостувањето на Нациоанлната опера и балет.

Повеќеминутните овации и позитивните оценки ги доби бројната екипа на македонската изведба на „Набуко“ со која диригираше маестра Бисера Чадловска, а насловната улога ја толкува Марјан Јовановски. Режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а дизајнер на светло е Милчо Александров.

Улогата на Абигаиле ја толкува Злата Тошевска-Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Зоран Сотиров настапува како Исмаил, а во улогата на Захарие е Игор Дурловски.

Синоќешната изведба на едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди се оценува како спектакуларно отворање на сезоната на Софиската опера и балет, со македоснката продукција „Набуко“.

Изведбата во Скопје е закажана за 21 септември на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20:00 часот.

Внуката на Трамп танцува во приватен авион- снимката со другарките ја објави на ТикТок (ВИДЕО)

Внуката на Доналд Трамп, Каи Трамп, на својот TikTok профил објави видео од 14 секунди на кое го игра познатиот танц во приватен авион со нејзината пријателка Ема Маркин.

Каи го изведе познатиот танц на ИМКА со својата пријателка, а во описот напиша дека „потезите ги научила од најдобрите“. Танцот се одигра во луксузната околина на приватниот авион на Трамп, Боинг 757.

@thekaitrumpgolfer Learned these moves from the best ✨ #fyp #ymca ♬ original sound - Testing You

Каи, најстарото внуче на Трамп, е сензација на социјалните мрежи и брзо собра 1,2 милиони следбеници откако се појави на сцената на конвенцијата на GOP во Милвоки, Висконсин, во јули оваа година - и му помогна да се поврзе со помладите гласачи.

"За мене тој е само нормален дедо. Ни дава бонбони и газирани пијалоци кога нашите родители не го сакаат тоа. Секогаш сака да знае како сме на училиште", рекла Каи за нејзиниот дедо Доналд.

Нејзините следбеници на TikTok сакале да го видат Доналд Трамп како танцува, па ја поканиле 17-годишното девојче следниот пат да го сними како танцува, пишува Дејли Мејл.

„Замолете го дедото ви да прави TikTok со вас ве молам“, напиша еден корисник, поттикнувајќи ги другите да ја поканат Каи да го покани дедото да танцува со нив следниот пат.

Зад сцената, 17-годишната девојка сè уште е ученичка, слободното време го поминува во трговски центри со пријателите и ја споделува својата страст за голф со речиси 600.000 следбеници на Инстаграм - и стотици илјади други на нејзиниот нов канал на YouTube.

Таа го документира својот живот како нормален американски тинејџер, но од друга страна, го поддржува својот дедо на големите политички настани и го поминува времето со блискиот соработник на Трамп, Илон Маск, за кого неодамна изјави дека „достигнува статус на вујко“.

Каи речиси го споделила своето патување во позната кафетерија, потоа во теретана, а пред да купи намирници, си правела храна дома. Коментарите на социјалните мрежи гласат дека никој никогаш не би „знаел од кое семејство е“.

"Таа е толку нормална. Оди во теретана, носи дуксери, пие кафе со пријателите и оди во трговски центар. Обожавам да ја гледам оваа страна од семејството. Не е како да можеме да видиме ништо друго освен совршена слика од кој било влијателен политичар. Продолжи така, Каи“, гласи еден коментар на мрежите.

Инаку, Каи игра голф и наводно била регрутирана од факултет, а целта ѝ е да биде професионален играч. Каи му дава заслуга на нејзиниот дедо за неговата поддршка да ѝ помогне да ги постигне своите атлетски цели.

@thekaitrumpgolfer Night range ball flights #fyp #golf ♬ Originalton - ㅤㅤㅤㅤㅤㅤㅤㅤㅤㅤ0

„Голфот отсекогаш бил голем дел од мојот живот и е мојата најголема страст“, ​​напиша таа на својата веб-страница, на која има видео од нејзиното играње на теренот.

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен .

Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.

Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купите 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот што ги најдовте на седница на влада, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра, рече Битиќи.

Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.

Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџетВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси, се наведува во партиското соопштение.

Среде шума снимиле животно, кое не било видено во последните 140 години: Ова ми е најсреќен ден

Необична приказна е снимена на островот Фергусон (Папуа Нова Гвинеја), каде група научници снимиле птица која не била видена од 1882 година!

Овој остров, инаку, претежно е покриен со шума и има три вулкани.

Членовите на експедицијата, предводени од Џон Митермаер и Џејсон Грег, поставиле надзорни камери на одредени локации и трпеливо чекале да се развие ситуацијата. Немале поим дека нивните напори ќе се исплатат многукратно.

Сѐ започнало откако жителите на островот рекле дека претходно виделе фазан гулаб (otidiphaps nobilis) и го слушнале неговото „чврчорење“. Истражувачите ги поставиле уредите на опишаните точки, верувајќи дека има помалку од 1% шанси да снимаат нешто.

„Откако го симнаа материјалот, почнавме да гледаме фотографии и видеа. Се воодушевивме кога видовме шарена птица пред камерата. Тоа е момент за кој сонувате цел живот како заштитник на природата“, изјави Џон Митермаер.

Истражувачите објавија и видео на кое го слават нивниот голем успех, истакнувајќи дека тоа бил „најсреќниот момент во нивните животи“, пренесува Unilad.

„Ова е како да пронајдете еднорог“, додаде Митермаер.

Патем, фазанскиот гулаб живее во тропските шуми на Нова Гвинеја. Препознатлив е по широката и странично набиена опашка, а видот е загрозен поради уништувањето на шумите. Неговото постоење првпат било документирано во 1882 година, а второто 140 години подоцна.

притисни ентер