Го здробил Ферарито со 300км/час на германски автопат и останал жив (ФОТО)

Неверојатна несреќа се случила на делницата А9 меѓу Минхен и Нирнберг кога возачот на хибридното Ferrari SF90 Stradale, вредно најмалку 500.000 евра, при престигнување изгубил контрола над автомобилот и удрил во заштитната ограда.

Причините зошто тоа се случило се уште не се утврдени, но било утврдено дека сопственикот на скапото Ферари излетал со брзина од дури 300 km/h, на дел од патот без ограничување на брзината.

Оваа несреќа е неверојатна бидејќи откако удрил во заштитната ограда, автомобилот застанал по неколку стотини метри, а возачот излегол од целосно згмечениот автомобил без најмала повреда, пренесува порталот Розенхајм24.

Германскиот автопат е предизвик за возачите на брзи автомобили бидејќи има делови без ограничување на брзината, но ако предизвикате сообраќајна несреќа, мора да докажете дека несреќата не е предизвикана поради голема брзина.

- Мора да бидете искрени, кога станува збор за брзини од речиси 300 км/ч, како кај овој учесник во сообраќајот, на дел од патот кој често се користи, со три сообраќајни ленти, треба да се запрашате дали тој е сепак одговорен - изјави сообраќаен полицаец за магазинот „Фокус“ ​​и додаде дека во овој случај возачот и другите учесници во сообраќајот имале голема среќа бидејќи никој не е повреден.

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

 Претстојните вежби со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

-Ова е принудна мерка како одговор на арогантната и агресивна политика на колективниот Запад, кој создава неприфатливи безбедносни закани за Русија и нејзините граѓани, рече Антонов, пренесен од руските медиуми.

Амбасадорот додаде дека САД и нивните сојузници се повеќе ја снабдуваат Украина со смртоносно оружје, што украинските сили можат да го користат за да извршат напади на руска територија.

Генералштабот на руските вооружени сили започна со подготовки за вежби за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се одржат во блиска иднина и во нив ќе учествуваат и воздухопловните сили и морнарицата. Цел на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, соопшти руското Министерство.

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

 Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

притисни ентер