Го следел украдениот Ајфон, па запалил погрешна куќа- настрада семејство со две бебиња

Тинејџер го следел својот украден „Ајфон“ до населба во Денвер, каде мислел дека телефонот му „пингал“, поради што во напад на одмазда ја запалил куќата.

Во пожарот загинале пет лица, меѓу кои две бебиња. Тоа била погрешна куќа. Тинејџерот сега се соочува со децении затвор.

Како што пренесува „USA Today“, Кевин Хју Буи (20) имал 16 години кога го извршил едно од најшокантните злосторства. Тој пред судот се изјаснил за виновен за убиство од втор степен и сега ја чека пресудата во Окружниот суд во Денвер на 2 јули.

Според полицијата, во пожарот загинало петчлено семејство од Сенегал. Тој користел апликација „најди го мојот iPhone“ која по грешка го одвела во погрешна куќа, соопшти полицијата. Буи го подметнал пожарот со уште двајца пријатели тинејџери. По неговото признание, му се заканува затворска казна до 60 години. Неговите соучесници веќе се осудени на вкупно 30 години затвор.

Злосторството се случило на 5 август 2020 година, а во пожарот загинале Џибрил Диол (29), Аџа Диол (23), Хасан Диол (25), Кадија Диол (2) и Хава Беје (1). Тие луѓе успеале да се спасат и се здобиле со тешки телесни повреди во пожарот.

Според полициските документи на денот на злосторството, патролата која била во близина кога бил забележан пожарот околу 2 часот и 40 минути, прва пристигнала на местото на трагедијата и повикале помош. Полицајците се обиделе да влезат внатре, но не успеале поради големата топлина.

Безбедносните камери од соседните куќи помогнале во расчистување на злосторството. Буи и неговите соучесници носеле дуксери со качулка. Со себе имале канистер со бензин. Тие влегле во куќата и го полиле со бензин долниот кат пред да ја запалат куќата.

Детективите го решиле случајот со помош на „Гугл“, барајќи информации за домот дали некој ја пребарал оваа куќа пред пожарот. Се испоставило дека тоа се Буи и неговите соучесници. Наскоро, полицијата добила преписка од нивниот разговор на социјалните мрежи, вклучително и оној од 14 јули 2020 година, во кој Буи изјавил дека бил ограбен и дека „крадците ќе платат и ќе го добијат тоа што го заслужуваат“.

Видео: Гоца Тржан му одржа лекција на едно момче од публиката

Популарната пејачка Гоца Тржан имаше настап за своите фанови, а поради помлад фан мораше да го прекине концертот за јавно да одговори на неговите барања.

Пејачката Гоца Тржан важи за личност која често гласно ги искажува своите ставови.

Гоца на еден свој настап му „одржа лекција“ на едно момче од публиката кое негодуваше за нејзините песни и бараше да отпее нешто од репертоарот што пејачката го окарактеризира како „денешен минлив тренд во музиката“.

„Пеј нешто за нас“, викна еден дечко од публиката.

- Знаеш што, друже, јас не ги знам знам тие „дрнди мрнди“. Не учев за вечерва, дај кец. Има стари песни што можам да ги изведам. Не би сакала да ги набројувам сите брендови во светот, тоа ми е досадно. - рече Гоца Тржан и предизвика овации кај публиката, а потоа продолжи да ги пее нејзините хитови.

УНРВА: Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа

Во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе, предупреди денеска шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

-Секој ден имаме во просек по десет деца кои остануваат без едната или двете нозе, рече Лазарини на прес-конференција во Женева, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака.

Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.

-Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, рече тој.

Лазарини го спомена и извештајот на невладината организација Save the Children во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините./МИА

Видео: „ChatGPT“ пристигна во автомобилите на „Volkswagen“

„Volkswagen“ конечно го интегрира „ChatGPT“ во своите автомобили.

Оваа технологија ја има кај сите возила од семејството „ID“, како и кај новите модели „Golf“, „Tiguan“ и „Passat“.

Возачите ќе можат да пристапат до „ChatGPT“ преку гласовниот асистент, а тој може да ја контролира климатизацијата, навигацијата и многу повеќе.

„VW“ соопшти дека „ChatGPT“ ќе може да бара информации за туристички атракции или за резултат од спортски натпревар.

Исто така, се додава дека вештачката интелигенција ќе може дури и да прави математички задачи за деца.

Тие ги уверуваат корисниците дека нема потреба да се грижат кога станува збор за безбедноста, бидејќи информациите за возилото се испраќаат анонимно до гласовниот асистент само доколку системот „VW“ може да одговори на барањето, а подоцна автоматски се отстрануваат.

Извор: Б92

притисни ентер