Глечерите во Германија забрзано се топат, ќе ги снема за десет години

Германските глечери се топат дури и побрзо отколку што претходно се сметало, а за десет години можеби ќе ги снема.

„Деновите на глечерите во Баварија се избројани. Дури и порано отколку што се мислеше“, рече Торстен Глаубер, министерот за животна средина на Баварија, истакнувајќи дека за десет години можеби нема да постојат.

Баварија е единствениот дел од Германија каде има глечери.

Научниците претходно предвидувале дека глечерите ќе се стопат до средината на векот, но топењето драматично се забрзува во последните неколку години.

Во баварските Алпи има пет ледници кои се наоѓаат во областите Цугшпице и Берхтесгаден. Во изминатата деценија изгубиле дури две третини од својот волумен.

„Глечерите не се само споменик на историјата на Земјата во форма на снег и мраз, тие се истовремено термометар за состојбата на нашата клима“, рече Глаубер.

Ситуацијата не е драматична само во Германија. Студијата објавена во списанието „Nature“ минатата недела открива дека топењето на глечерите предизвикано од климатското затоплување се забрзало дополнително во последните 20 години, предизвикувајќи, меѓу другото, и покачување на нивото на морињата.

Според едно истражување, глечерите ширум планетата губеле просечно 267 милијарди тони мраз годишно од 2000 до 2019 година, што е доволно за Швајцарија да биде потопена под шест метри вода секоја година, изјавил глациологот од Цирих, Ромен Хугонет.

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

Фото: Бритни Спирс во центар на нов скандал: Покриена со јорган надвор од хотел

Според дел од светските медиуми, контроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс била видена во ноќта помеѓу 1 и 2 мај,  облечена само по долна облека покриена со јорган пред хотел.

Како што наведува „ТМЗ“, пејачката била во хотелот Шато Мармонт со своето момче Пол Солиз.

Во текот на вечерта дошло до конфликт, најверојатно меѓу нив двајца, по што некој од присутните повикал полиција, велејќи дека женско лице, кое наликува на Бритни Спирс, малтретирало луѓе и им се заканувало.

Полицијата пристигнала по 22:30 часот, но не констатирала траги на насилство и си заминала.

Изворот на ТМЗ наведува дека Бритни и Пол отишле во хотелска соба, каде продолжиле да пијат. Набрзо повторно се скарале, по што, според изворот, дошло до физички контакт, при што Бритни си ја повредила ногата.

Бритни потоа истрчала во ходникот, викајќи и врескајќи, а гостите повикале брза помош, која брзо пристигнала и успеала да стапи во контакт со пејачката, пренесува „b92“.

притисни ентер