Ѓоковиќ вчера во Ријад одигра егзибициски меч со Карлос Алкараз, а денеска пристигна во Перт. Алкараз вчера го совлада Ѓоковиќ со 4:6, 6:4, 6:4.
Најдобриот светски тенисер по пристигнувањето во Перт изјави дека е подготвен за Купот на Јунајтед и Австралија Опен.
„Помина долго време откако играв овде. Се сеќавам дека секогаш кога играв во Перт беше одлично. Луѓето овде во Австралија го сакаат тенисот, спортот воопшто, па сега не очекувам ништо помалку. Сигурен сум дека сите ќе уживаат во тоа. “, рече Ѓоковиќ, пренесоа локалните медиуми во Перт.
Купот на Јунајтед ќе се игра од 29 декември до 7 јануари, а Србија ќе биде во група со Чешка и Кина. Србија на 31 декември ќе игра со Кина, а три дена подоцна со Чешка.
"Секогаш е чест да се претставува Србија. Се надевам дека трибините ќе бидат полни и дека многу луѓе ќе дојдат да ги следат нашите натпревари. Тоа ќе биде добар вовед за Мелбурн", изјави српскиот тенисер.
Ѓоковиќ потоа ќе ја брани титулата на Австралија опен од 14 до 28 јануари.
"Се надевам дека ова не е последен пат да играм во Австралија. Секогаш со нетрпение очекувам да дојдам овде. Чувствувам дека пред години го играв мојот најдобар тенис овде и имав силна поддршка", заклучи Ѓоковиќ.