Ѓоковиќ купил два апартмани на Менхетн

Менхетн во Њујорк сигурно е една од најатрактивните локации на светот за купување на недвижнини, ова мислење најверојатно го дели и еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер според „ Wall Street Journal", купил два апартмани на њујоршкиот речен остров.

Ѓоковиќ купил два одвоени двособни апартмани од по 185 квадратни метри во објект кој го изведува компанијата „565 Broome Soho" во Мерцер стрит во јужниот дел на Менхетн, проектирани од славниот архитект Ренцо Пиано.

Богатиот тенисер купил два апартмани на повисоките катови кои не се блиску еден крај друг. Иако засега не е познато колку Ѓоковиќ платил за овие апартмани, вообичаената цена на апартманите во овој дел на Менхетн на повисоките катови е околу 5,5 милиони долари.

Кога овој апартмански комплекс во 2018 година ќе биде завршен ќе има две стаклени кули со вкупни 115 станбени единици.

Избори во Индија: Комисијата патувала 7 часа за да може да гласа семејство, помогнала војската

Пет луѓе од исто семејство во зафрлено хималајско село денеска гласаа на изборите во Индија на сопствено избирачко место, откако официјалните лица патувале седум часа за да им дозволат да го дадат својот глас, позајмувајќи ја струјата од војската.

Вчера, официјалните лица ја подигнале опремата за гласање во Лех, главниот град на хималајската федерална територија Ладах, и се качија во автобус за 180-километарското патување до Варша, каде единствените гласачи беа 23-годишната Ринчен и нејзините родители и баба и дедо. .

Лоциран на околу 20 километри од глечерот Сијачен, бојното поле на највисока височина во светот каде Пакистан и Индија се судираат со децении, Варши е достапен по пат, но нема струја, нема интернет и нема амбуланта.

Кога генераторот што го носеле се расипал, службениците се обратиле до индиската армија за помош.

„Оваа област е единствена. Владата отвори избирачко место само за една куќа“, рече претставникот на изборната комисија Фончок Стобдан.

Ринхен, која сега првпат гласа, се надева дека нејзиниот глас ќе помогне и да се реши проблемот со недостигот на инфраструктура.

Индија гласа во седум фази на изборите кои започнаа на 19 април, а треба да завршат на 1 јуни.

Денеска штотуку започна петтата фаза од гласањето.

Во Тексас се собрале 706 мажи со име Кајл, но недоволно - рекордот останува во Босна (ВИДЕО)

Уште еден обид на градот Кајл во Тексас да го собори светскиот рекорд за најголем собир на луѓе со исто име не успеа и покрај тоа што 706 мажи по име Кајл од сите возрасти се појавија во парк во предградието на Остин.

Рекордот го држи градот Купрес во Босна, кој собра 2.325 Ивани во 2017 година, според Гинисовата книга на рекорди, пренесе АП.

Ова не е прв пат мажите по име Кајл да се обидат да го победат Иван.

Минатата година, во градот кој се наоѓа на околу 90 километри јужно од Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас, се собраа 1.490 мажи по име Кајл.

Кајл не е едно од најпопуларните имиња во САД, според Администрацијата за социјално осигурување, која годишно ги следи имињата што им се даваат на девојчињата и момчињата во секоја американска држава.

Најновите податоци покажуваат дека Кајл бил рангиран на 416-то место меѓу машките имиња во 2023 година, додека Иван, за споредба, бил рангиран на 153-то место.

Косовската полицијата со пушки упаднала и затвориле 6 филијали на Поштенската штедилница

Шест филијали на Поштанска штидиница во четири општини на северот на Косово денеска ги затвори косовската полиција, врз основа на извештајот на „институцијата за финансиски мониторинг“.

„Косовската полиција по пријави од институции за финансиско следење, како Управата за финансиско разузнавање и Централната банка на Косово, заедно со Даночната управа на Косово, врз основа на овластување на надлежниот обвинител, спроведува полициско дејствие во трезорот на Поштанската штидилница банка и уште пет филијали на истата, кои незаконски работеа на овој простор на Република Косово“, се наведува во соопштението на косовската полиција на Фејсбук.

Како што се наведува, операцијата „минала без проблеми“, а целта на операцијата е „воспоставување ред и законитост“.

Претходно денеска членовите на косовската полиција со пушки и панцири упаднаа во подружниците на Поштанска штединица во Косовска Митровица, Звечан, Зубина Поток и Лепосавиќ, додека граѓаните се обидуваа да ги подигнат пензиите, социјалната помош и други средства, јави дописникот на Танјуг.

Полицијата упадна и во зградата на Управата за финансии во Косовска Митровица.

Кога полицајците влегле во зградите, странките кои биле во просториите на штедилницата биле исфрлени од зградата, додека работниците биле приведени, а пред сите четири филијали има полицајци вооружени со долги цевки.

Покрај тоа, припадници на специјалните единици се распоредени на неколку точки на улиците кои водат до банките.

Во околината на Поштенската штедилница во Звечан има и полициски службеници на ЕУЛЕКС, како и возило на грчкиот Кфор.

притисни ентер