Првите информации се добри, Новак е успешно опериран, а се покажало дека оштетувањето на менискусот не е толку сериозно како што се мислело, па Ѓоковиќ ќе има време да се опорави за Олимписките игри, објави српски Телеграф.
Речиси сигурно ќе го пропушти Вимблдон и фокусот треба да биде насочен само на Олимписките игри, особено затоа што Новак не би сакал да премине на трева, а потоа повторно на земја со неговото неодамна оперирано колено.
Репортерот на Телеграф ја посети клиниката „Рамзи Санте“, каде е опериран Новак, која се наоѓа во петтиот париски арондисман, во близина на железничката станица Аустерлиц на булеварот Сен Марсел.
Во самата болница, вработените не сакале да дадат дополнителни информации дали Новак се уште е таму на опоравување по операцијата.
Се обиделе да дознаат и кој од лекарите ја извршил операцијата, но од болницата не сакале да одговорат на тоа.
Телеграф дознава дека овој тип на операција на оваа клиника чини од 10.000 до 15.000 евра.
„Рамзи Санте“ има вкупно 465 клиники, имаат 12 милиони пациенти годишно, а имаат 38.000 вработени, што доволно говори за каква империја се работи кога се работи за здравството.
Според некои неофицијални информации, на Новак ќе му требаат околу три недели за да се опорави.