Ги поместува границите:Овој учител од Франција децата го обожуваат,а возрасните се плашат од него (фото)

Силван е професор во едно училиште во Париз, а неговото тело е комплетно прекриено со тетоважи.

Тој веројатно е најневообичаен просветен работник и тоа не само во Франција. Први бил учител во Лондон, каде ја открил љубовта кон тетоважите.
-Бев импресиониран од Бритнаците кои целите се тетовирани,а пријатно им е во нивната кожа. Тогаш бев учител веќе две години и имав тетовирано „ракави“, една нога и градите“, раскажува Силван.
Силван кој се занимава и со моделинг, сега има тетоважи на секој дел од телото, а на многумина признава неговиот изглед им е грозен. Сепак, тоа не препрека да работи како просветен работник во Франција.
-Во француската државна служба ми е дозволено да работам што сакам. Луѓето со кои се среќавам на работа – децата, нивните родители,, моите колеги, сите се навикнати на тоа. Луѓето се поотворени од што очекуваме, иако има и такви кои зад грб ме озборуваат и зборуваат лоши работи. Што се однесува до децата, тие лесно ме прифатија“, вели Силван.
Левата страна на неговото тело е посветена на тетоважи во ретро рокенрол стил, додека десната претставува јапонски мотиви. Кој мотив за него лично е најскапоцен?
-Ом знакот на моето лице, како и различните фази на еволуција на Буда на моите раце и стапала“, одговара овој млад учител.

Словачкиот суд му одреди притвор на атентаторот на премиерот Фицо

Цинтула го погоди премиерот со четири од пет куршуми кога тој им пријде на приврзаниците по владината седница во Хандлова, во централна Словачка, за да се поздрави со нив.

Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.

Обвинителот побара притвор за осомничениот да не избега или да го повтори делото, а по сослушувањето судот не се согласи со писмените гаранции на Цинтула, ниту со предлогот тој да се брани додека е на слобода под надзор.

Цинтула го погоди премиерот со четири од пет куршуми кога тој им пријде на приврзаниците по владината седница во Хандлова, во централна Словачка, за да се поздрави со нив.

Цинтула веднаш бил уапсен. Од полицијата до медиумите протече видео на кое тој вели дека пукал во премиерот затоа што не му се допаѓаат политиките на неговата влада поради промените во судството, обидот за контрола на јавниот сервис РТВ и прекинот на помошта за Украина.

Но, адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно бидејќи веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.

Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток рече дека напаѓачот немал соучесници, дека е очигледно дека нападот врз премиерот е политички мотивиран и дека Цинтула најмалку еднаш присуствувал на демонстрациите против Владата во градот Долна Крупа. /МИА

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип.

Надлежните од СВР Штип потврдуваат за трагедијата, која се случила попладнево во угостителски објект во Штип.

Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.

Најмалку 68 луѓе го загубија животот во поплавите во западен Авганистан

Најмалку 68 луѓе го загубија животот во поплавите што ги зафатија планинските области во западен Авганистан по невообичаено обилните сезонски дождови, соопштија денеска властите.

Во најтешко погодената провинција Гор на западот од земјата 50 луѓе го загубија животот и имаше голема материјална штета, а уништени се илјадници хектари обработливо земјиште, објави портпаролот на гувернерот на провинцијата.

Во северната провинција Фаријаб беше соопштено дека животот го загубиле 18 лица, двајца се повредени, имало и значителна материјална штета и се удавиле над 300 говеда.

Главниот портпарол на талибанската влада изрази жалење за „загубата на сограѓаните Авганистанци“ и ги повика „одговорните власти... да ја дадат сета потребна поддршка за ублажување на страдањата“, а „добронамерните донатори“ и хуманитарни организации да помогнат.

Светската програма за храна на ОН на социјалната мрежа Икс објави дека провинцијата Гор во која има 2.500 семејства е најтешко погодена. Тимовите на Светската програма за храна на ОН се на терен за да распоредат помош, се додава во соопштението.

Минатата недела организацијата соопшти дека екстремно во обилните дождови во Авганистан животот го загубиле повеќе од 300 луѓе и се уништени илјадници куќи, главно во северната провинција Баглан.

Преживеаните останаа без куќи, земја и извори на егзистенција. Поголемиот дел од Баглан е „недостапен за камиони“, соопшти Светската програма за храна на ОН, додавајќи дека прибегнува кон секоја алтернатива за да им достави храна на преживеаните

Последната катастрофа следи по разорните поројни поплави во април во кои животот го загубија најмалку 70 луѓе. Во поплавите биле уништени и околу 2.000 куќи, три џамии и четири училишта во западните провинции Фарах и Херат и јужните провинции Забул и Кандахар./МИА

притисни ентер