Ги нема двете раце, а дрифта со БМВ со 230 км/час за рекорд (ВИДЕО)

Полски возач, и покрај сериозниот хендикеп, ги живее своите соништа и ужива во возењето и дрифтањето. Сега отиде чекор понатаму.

Запознајте го Бартош Осталволски, професионален возач на дрифтинг. Верувале или не, тој дрифта и е многу добар во тоа. Осталовски годинава влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност која успеа успешно да дрифта само со нозете. А во исто време возеше со неверојатна брзина од 231,66 km/h.

Возејќи БМВ М3, маневарот на странично лизгање го започнал со 276,8 км/ч, а мерниот дел од 50 метри го поминал со брзина од 231 км/ч. Притоа, со десната нога ги контролирал стапалата, додека со левата нога управувал со воланот. Возел минимално модифицирано БМВ М3. Имено, модифициран бил само автоматскиот менувач со вградување на специјални лостови. Рекордот е соборен на аеродромот Пола во Полска на крајот на септември оваа година.

Полскиот тркачки возач настрадал пред десет години во тешка сообраќајна несреќа со мотор во која ги загубил двете раце. Тоа не го спречило да продолжи да вози, а техниката на возење без раце ја усовршил толку многу што се натпреварува и денес.

Како еден од најдобрите полски дрифтери, тој учествува во Raceway Cross и вози модифициран BMW M3. Го придвижува 7.0 V8 мотор со околу 1.000 КС и 1.288 Nm преку осумстепен менувач ZF што Осталовски го управува со рамо.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер