Германски „Герешајмер" ја почнува изградбата на првата фабрика во ЈИЕ со седиште во Скопје

Германската компанија „Герешајмер" денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик ќе ги постави темелите на новата фабрика за медицинска пластика.

Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со Србија и Романија.

На свеченоста ќе се обрати премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот на економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски.

Инвестицијата ќе се реализира во повеќе фази, а во план е да бидат отворени 400 нови работни места. Ова е втора инвестиција по потпишувањето на Протоколот за членство на земјава во НАТО.

Договорот беше потпишан во март годинава, а новата инвестиција тогаш ја најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Договорена е огромна инвестиција, втора по потпишување на протоколот за членство во НАТО, што значи дека инвеститорите ја препознаваат земјата како стабилна и сигурна дестинација, изјави тогаш премиерот Заев.

Со производството, според првичните најави, фабриката ќе почне кон средината на следната година.

– Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Планираме значителни инвестиции во технологија и во машините. Во план е да имаме 400 вработени. А ја цениме и можноста за натамошен развој во иднина. Планираме изработка на производи во фармацевстката и медицинската индустрија. Ја избравме Македонија како идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите, порача Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Герешајмер" во видео пораката објавена кога беше потпишан договорот.

„Герешајмер" има 50 фабрики во 13 држави, а вкупниот промет на компанијата е 1,3 милијарди евра.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер