Германски бискуп поднел оставка поради педофилија, папата не му ја прифатил

Папата Франциско ја одбил понудената оставка на германскиот кардинал Рајнхард Маркс во канцеларијата на архиепископот во Минхен, поради сексуално злоставување во Црквата, објави денеска Ватикан.

Маркс, еден од највлијателните либерали во Црквата, понуди оставка овој месец, објаснувајќи дека сака да го преземе својот дел од одговорноста за „катастрофата на сексуално злоставување во Црквата во последните децении“.

Во писмото објавено од Ватикан, папата одговори дека ги разбира неговите мотиви за оставка, но дека нема да ја прифати.

"Тоа е мојот одговор, драг брату. Продолжете како што предлагате, но како архиепископ во Минхен", му напиша Папата на Маркс.

Маркс, поранешен водач на германските католици, не е осомничен дека бил вмешан во сексуално злоставување или нивно прикривање.

Црквата ги испитува обвинувањата за злоупотреба во Келнската надбискупија, најголемата во Германија, по објавувањето на извештајот во март за стотици жртви.

Папата минатата недела испратил двајца странски бискупи во архиепископијата во Келн да испитаат како реагирала на случаите на злоупотреба.

Папата минатата недела ја изврши и најголемата ревизија на црковниот закон во последните четири децении, заострувајќи ги мерките против свештениците кои злоупотребуваат малолетни лица и прават измами.

Ревизијата, која е во тек од 2009 година и била започната од претходниот папа Бенедикт XIV, се однесува на Шестата книга од законот за канон, која се состои од 1750 члена. Ова е најголемата ревизија на казнениот законик од неговото потпишување во 1983 година од папата Јован Павле Втори.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер