Германската полиција претресува станови на Косовци во врска со терористичкиот напад во Виена

Полицијата во Германија денеска извршила претрес во два стана, а акцијата е поврзана со исламистичкиот терористички напад во Виена во ноември минатата година, кога Кујтим Ф. уби четворица и сериозно повреди неколку лица.

Припадници на специјалната полиција ГСГ9 извршиле претрес во становите на косовскиот државјанин Блинор С. и германскиот државјанин Дрилон Г. во Касел и Оснабрик.

Државното обвинителство во Карлсруе соопштило дека луѓето против кои е насочена акцијата споделувале исламистички идеи со сторителот на терористичкиот напад и дека тие поминале извесно време во Виена дружејќи се со Кујтим Ф.

Сознанието дека Блинор С. и Дрилон Г., заедно со други исламски екстремисти од Швајцарија и Австрија, престојувале во станот на Кујтим Ф., произлегуваат од анализата на ДНК пронајдена во станот и на оружјето со кое бил извршен нападот.

„Со оглед на личните врски со извршителот на терористичкиот напад и заедничките радикално-исламистички погледи на светот, можно е Блинор С. и Дрилон Г. да биле свесни за плановите за нападот најдоцна по нивниот престој во Виена и не го пријавиле на властите ", се вели во соопштението на главното државно обвинителство.

Блинор С. и Дрилон Г., наводно, вечерта на атентатот започнале да ги отстрануваат доказите за нивната комуникација со Кујтим Ф. од социјалните мрежи и комуникациските платформи.

Во нападот во Виена загина германски државјанин, а сторителот бил убиен во судир со полицијата.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер