Германија им забрани на руските авиони да слетуваат на нејзина територија

Германија привремено го прекина слетувањето на авионите од руските компании на нејзина територија како одговор на неиздавањето дозвола од Москва за летовите на „Луфтханза“ кон Русија, соопшти денеска Министерството за транспорт во Берлин.

Руските воздухопловни власти „не одобрија на време“ два лета закажани за во денеска наутро, кои мораа да бидат откажани вчеравечер, се вели во соопштението на Министерството во изјавата добиена од Франс Прес.

„Поради практиката на реципроцитет, Германија “не даде одобрување“ за летовите на руските компании, што доведе до откажување на линиите обезбедени од Аерофлот и С7.

„Веднаш штом ќе се добијат одобренија за летовите на „Луфтханза “, летовите на руските компании ќе бидат одобрени“, додава Министерството.

На прашање од АФП, Луфтханза соопшти дека очекува „наскоро да бидат одобрени„ други патнички летови кон Русија планирани за јуни “.

Ниту министерството ниту компанијата не ја изнеле причината за блокадата.

Два лета на Ер Франс и еден на Австриан ерлајнс, подружница на Луфтханза, биле откажани минатата недела затоа што Русија не одобрила промена на трасата за заобиколување на белорускиот воздушен простор.

Големите европски авиокомпании ја заобиколуваат поранешната советска република откако авион на Рајанер, кој што летал од Атина до Вилнус беше запрен и насилно слетал во Минск, од каде беше истоварен и уапсен политички противник на претседателот Александар Лукашенко.

„Причината за откажувањето на летовите на „ Ер Франс“ беше чисто техничка“, рече портпаролот на Кремљ.

„На летовите меѓу Европа и Русија им е дозволено да користат одредени воздушни коридори. Ако компанијата сака да ја смени рутата, мора однапред да се договори за ова со Русија", соопшти европското тело за контрола на летање, Еуроконтрол.

Арсовска со делегација на Град Скопје оддадоа почит пред споменикот на Гоце Делчев

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска заедно со делегации на претставници од скопските јавни претпријатија, гости и дипломати, оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

Делегациите оддадоа почит на македонскиот великан кој остави траен печат во македонската историја, со својата пожртвуваност, несебична љубов кон татковината и жртвата за слободата на Македонија, која за сите е трајна инспирација за храброст, солидарност и истрајност во борбата за градење на подобра иднина за сите.

Вечна му слава!

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

Бајден изјавил дека Јапонците се ксенофоби, реагира Токио

Јапонија денеска оцени дека зборовите на американскиот претседател Џо Бајден, кој азискиот сојузник го опиша како „ксенофоб“, како Кина и Русија, се жалосни и погрешни.

Бајден на состанокот за кампањата во средата рече дека сојузниците Јапонија и Индија и ривалите Кина и Русија се во неволја поради нивното одбивање да примат имигранти.

„Зошто Кина е толку во економска стагнација? Зошто Јапонија има проблеми? Што е со Русија? Што е со Индија? Затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти“, рече американскиот претседател, според извештаите на печатените медиуми објавени во четвртокот. Како одговор, јапонската влада денеска објави дека е „за жалење што беа дадени коментари кои не се засноваат на точно разбирање на јапонската политика“.

Забелешките на Бајден дојдоа помалку од еден месец откако тој беше домаќин на јапонскиот премиер Фуми Кишида на гала вечера, што е ретко прикажување на политичка наклонетост. Белата куќа брзо се обиде да ги ублажи неочекуваните критики на американскиот шеф на државата кон Јапонија.

„Ставот што претседателот го бранеше, и мислам дека луѓето ширум светот се свесни за тоа, е дека Соединетите Држави се земја на имигранти, тоа е во нашата ДНК“, објасни во четвртокот портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Токио покажа дека го слушнал ова појаснување. „Го забележавме објаснувањето од американската влада дека овие коментари не се дадени со цел да се поткопаат важноста и одржливоста на односите меѓу Јапонија и САД“, се вели во соопштението.

Милијардерот Мурдок (92) ќе се жени со поранешната тешта на олигархот Роман Абрамович

Милијардерот Руперт Мардок е фотографиран со неговата свршеница, 25 години помладата Русинка Елена Жукова.

Парот е фотографиран како го шета своето куче, а окото го привлече огромниот веренички прстен на Елена.

Венчавката ќе се одржи во Калифорнија, во Murdoch's Vineyard and Moraga Estate, а на Руперт ова му е шеста свршувачка. Американскиот милијардер и медиумски магнат минатата година се вери со Ен Лесли Смит, но свршувачката траеше само две недели.

Мардок и Жукова беа сликани заедно во август минатата година, откако раскина со поранешната свршеница. Жукова, по професија молекуларен биолог, е мајка на Даша Жукова, поранешната сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович.

притисни ентер