Германија, Франција и Италија договорија заеднички регулативи за вештачката интелигенција

Франција, Германија и Италија постигнаа договор за заедничко регулирање на вештачката интелигенција (ВИ), покажува заедничкиот документ до кој дојде Ројтерс, а кој се очекува да ги забрза преговорите на европско ниво.

Трите влади поддржуваат доброволни обврски за помали и поголеми компании за вештачка интелигенција во Европската унија.

Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на Европската унија во моментов разговараат за тоа како треба да се формира алијансата. Во јуни, Европскиот парламент го претстави „Актот за вештачка интелигенција“, кој има за цел да ги спречи ризиците од апликациите за вештачка интелигенција и да избегне дискриминаторски ефекти, истовремено поддржувајќи ја иновативната моќ на вештачката интелигенција. За време на дебатата, парламентот предложи кодекс на однесување кој првично ќе биде обврзувачки само за големите даватели на вештачка интелигенција, главно од САД.

Трите влади сметаат дека конкурентската предност за помалите европски компании може да има негативен ефект бидејќи ќе ја намали довербата во нив и ќе резултира со помал број корисници. Според тоа, кодот мора да биде обврзувачки за сите, тврдат трите држави. На почетокот не треба да има санкции, но со тек на време треба да се смисли систем на казни.

Германското Министерство за економија, задолжено за преговори со Министерството за дигитални прашања, смета дека законите и државната контрола не треба да се фокусираат на самата вештачка интелигенција, туку на нејзината примена.

Владите ширум светот се обидуваат да ги искористат економските придобивки од вештачката интелигенција, но ја разгледуваат и нејзината безбедност. Велика Британија го одржа првиот самит на оваа тема во ноември, а Германија утре и задутре ќе биде домаќин на дигитална конференција во Јена, на која ќе учествуваат претставници од светот на политиката, бизнисот и науката.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер