Герасимовски на Школата за женски активизам: Во Општина Центар над 60% од вработените се жени

Викендов во Крушево се одржува вториот модул на Школата за женски активизам Жени во политиката: Изградба на вештини за ефективно лидерство .

Викендов во Крушево се одржува вториот модул на Школата за женски активизам Жени во политиката: Изградба на вештини за ефективно лидерство во организација на Фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје и Прогрес Институт за социјална демократија.

Вториот модул го отворија градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски и градоначалникот на општина Крушево Томе Христовски кои говореа за модерна и професионална локална самоуправа, за улогаѕа и значењето на советниците, како и за вклучувањето на жените во локалната заедница.

Герасимовски потенцираше дека улогата на жените во политиката е од големо значење затоа што ја зголемува ефикасноста на локалната власт.

„Во Општина Центар над 60% од вработените се жени, односно, од 111 вработени лица 66 се жени, а 45 се мажи. Од вкупно 9 сектори во Општината, во седум од нив раководат жени. Од 24 одделенија, во 16 раководат жени. Во моментов, владата има најмал процент на жени министерки во нејзиниот состав, со што тука ја гледаме разликата помеѓу левицата и десницата. Левицата секогаш вложува во женското лидерство затоа што кога жените водат се зголемува продуктивноста, лојални се и прават позитивни промени на локално и централно ниво”, истакна Герасимовски.

Христовски посочи дека мора да се избориме што повеќе жени да се вклучат во политиката.

„Можеме да зборуваме за модерни и транспарентни локални заедници единствено доколку ги активираме жените и девојките. Советниците се тие кои ги претставуваат интересите на граѓаните и мораме да го слушаме гласот на сите, на млади, на жени, на мажи, на пензионери, на сите граѓански организации”, рече Христовски.

На вториот модул, учество ќе земат и претседателот на Здружението Рубикон Владимир Караев, новинарот, активист и тренер Огнен Јаневски, како и комуникологот Тоше Зафиров.

Школата за женски активизам има за цел да образува и тренира жени и девојки од Македонија кои имаат амбиции да се вклучат поактивно во политичките процеси на локално ниво.

Програмата ќе им овозможи на учесничките теоретско знаење, но и практични вештини и способности во областа на политичкиот систем, социјалдемократската идеологија, процес на креирање на политики, политичката комуникација и односите со јавноста во периодот од октомври до декември 2024 година.

Фондација Фридрих Еберт - канцеларија Скопје

Почина најстарата олимписка шампионка, го преживеала холокаустот со лажни документи

Унгарската гимнастичарка Агнес Келети, најстарата олимписка шампионка во светот, почина утринава на 104-годишна возраст во болница во Будимпешта, потврди Унгарскиот олимписки комитет.

Келети е родена на 9 јануари 1921 година во Будимпешта во еврејско семејство, го преживеала холокаустот, освоила пет златни олимписки медали, три сребрени и две бронзени, а подоцна се посвети на тренерската работа. Таа била хоспитализирана во саботата во критична состојба поради проблеми со срцето и тешкотии со дишењето.

Оваа легендарна гимнастичарка, која за неколку дена би наполнила 104 години, почнала да се занимава со спорт уште како дете и го освоила првото злато на националното првенство во 1940 година. Во 1944 година, кога пронацистичкиот режим во Унгарија почнала да ги депортира Евреите во логори на смртта, Келети успеала да побегне користејќи лажни документи и да се скрие во едно мало село.

По војната, таа станала дел од унгарскиот тим за гимнастика. Таа го освои своето прво олимписко злато на Игрите во Хелсинки во 1952 година, откако повредата ја спречи да учествува во Лондон во 1948 година. Таа освои уште еден сребрен и два бронзени медали во Хелсинки. Четири години подоцна, на Олимпијадата во Мелбурн во 1956 година, Келети се истакна, освојувајќи четири златни медали и еден сребрен во екипна конкуренција.

По Олимпијадата, Келети се преселила во Израел, каде што работела како универзитетски професор и тренер. Од 1990 година, по падот на Железната завеса, таа поминувала сѐ повеќе и повеќе време во Унгарија.

Келети беше примена во Куќата на славните за уметничка гимнастика во Оклахома во 2002 година. По повод нејзиниот 100-ти роденден, Меѓународниот комитет за фер-плеј (НФПБ) ѝ додели награда за животно дело, истакнувајќи го нејзиниот живот „обележан со прифаќање и толеранција, кои се основните идеи на фер-плејот“.

На 102-годишна возраст, Келети рече дека вежба секојдневно, ужива во овошје и чоколадо и гледа натпревари во гимнастика на интернет без наочари. Позната по својата духовита природа, Келети имала необичен одговор на прашањето за тајната на долговечноста: „Избегнувам да се гледам во огледало“.

Русија воведе нов закон против мигрантите, од март полицијата ќе може да им упаѓа во домовите

Од март 2025 година, руските полицајци ќе имаат право слободно да влегуваат во домовите во кои живеат мигранти.

Овие мерки ќе важат за странците кои се под режим за протерување, пренесува info24.ru.

Според одредбите на законот, кој стапува на сила на 5 март, полициските службеници ќе можат да бараат информации и документи од државните органи и органи на други земји за да вршат државен надзор над мигрантите. Конкретно, тие ќе можат да бараат информации кои вклучуваат деловни, банкарски, даночни или други тајни заштитени со закон.

Спроведувањето на ваквите мерки ќе биде овозможено, според инфо24, со помош на технички средства. Оваа одредба се однесува и на физички и на правни лица кои обезбедуваат помош на таквите мигранти за време на нивниот престој на територијата на Русија. Полициските службеници ќе можат да користат податоци од мобилни уреди, геолокациски и платежни системи.

Од 5 март стапува на сила миграцискиот режим за протерување на странци или лица без државјанство кои се илегално на територијата на Русија или кои ги прекршиле законите на земјата. Одредени права и слободи ќе бидат ограничени на таквите мигранти, а против нив ќе бидат применети мерки за федерален државен надзор во сферата на миграцијата, пренесува ТАСС.

Претходно беше најавено дека илегалните мигранти во Руската Федерација мора да ја напуштат земјата или да го регулираат својот правен статус во рок од четири месеци, до 30 април. Соодветниот декрет беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Легендарен модел на Ланчија се продава за над половина милион евра

Легендарниот модел Lancia Delta Integrale, рели автомобилот кој Карлос Саинц го прослави во раните деведесетти, моментално е на продажба, а сопственикот за него бара вистинско богатство.

Поминаа повеќе од 30 години откако Карлос Саинц доминираше во рели шампионатот, а во исто време оживеа приказната за легендарната Lancia Delta Integrale, која сè уште е вистинско богатство за секој љубител на автомобили.

Автомобилот, кој му припаѓаше на официјалниот тим на Lancia, е опремен со 2.0-литарски четирицилиндричен мотор кој произведува повеќе од 300 КС, има шест-брзински менувач Lancia Abarth R90 и, се разбира, погон на четири тркала.

Приказната за овој модел е повторно ажурирана откако сопственикот го реставрирал и го подготвил за продажба. Реставрацијата е направена во Франција во 2019 година, а сопственикот чекал пет години пред да одлучи да го продаде.

Преку британскиот дилер на автомобили Данкан Хамилтон Рофго, кој е специјализиран за најбараните рели автомобили, сопственикот бара 511.000 евра. Тоа е голема сума, иако не е претерано за некој што ја разбира вредноста на овој модел.

Обична Lancia Delta Integrale денес се продава за повеќе од 100.000 евра, а датира од периодот од 1987 до 1992 година. Меѓутоа, бидејќи овој модел го возеше двократниот шампион Карлос Саинз, неговата цена е добро оправдана.

Lancia Delta HF Integrale освои четири WRC титули за време на златното доба, кога ривали беа легендарните модели како што се Ford Sierra, Toyota Celica и Subaru Impreza. Лансија постигна уште поголема доминација во конкуренција на конструктори, освојувајќи шест последователни титули до 1992 година.

притисни ентер