Генк противник на Шкендија во баражот за место во Лига Европа

Екипата на Генк е следниот противник на единствениот преостанат макеоднскиот тим на европската фудбалска сцена Шкендија.

Ова е исходот од денешешната жрепка во Нион, на која Шкендија за противник го доби тимот на - кој ќе биде последната пречка за тетовската екипа за влез во групната фаза во Лига Европа.

Генк во 3.коло од квалификациите за Лига Европа ја елиминира романската екипа Виторул Констанца и тоа со убедливата победа од 5-0 на домашен терен, додека во реваншот во Романија немаше голови.

Екипата на Генк минатата сезона го освои петтото место во шампионатот на Белгија, а новата сезона ја започна со победа над Остенде со 2-1 пред домашната публика. Во својата клупска историја белгискиот тим има три шампионски титули (1998/99, 2001/02 и 2010/2011) како и четири трофеи во националниот куп последниот сезоната 2012/2013 (претходно 1997/98, 1999/2000 и 2008/2009).

Првиот натпревар ќе се игра на 18 август на „Луминус Арена“ во Генк, додека реванш средбата на програмата е на 26 август на арената „Филип Втори’’ во Скопје.
Останатите двојки ги сочинуваат:
Генк – Шкендија
Астана – Бате Борисов
Митјиланд – Османлиспор
Локомотива Загреб – Генк
Динамо Тбилиси – ПАОК
Беитар Ерусалим – Сент Етиејен
Марибор – Кабала
Астра – Вест Хем
Брондби - Панатинаикос
Сондерјиске – Спарта Прага
Гетеборг – Карабах,
Арука – Олимпијакос
Тренчин – Рапид Виена
АЕК Ларнака – Либерец
Австрија Виена – Розенборг
Војводина – АЗ Алкмар
Славија Прага – Андерлехт
Фенербахче – Грасхоперс
Краснодар – Партизани
Бешпикташ – Шахтјор
Сасуоло – Црвена Ѕвезда
Макаби Тел Авив – Хајдук
Победниците ќе обезбедат пласман во фазатра по групи. ит/ссм/13:49

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер