Генијалниот пијанист Максим Мрвица вечерва на „Охридско лето“

Со концертот на маестро Максим Мрвица, еден од најпродаваните кросовер пијанисти во светот, вечерва на Античкиот театар, продолжува атрактивната програма на 54. издание на „Охридско лето“.

Мрвица, кој е една од многуте ѕвезди на годинешното фестивалско издание, изрази огромно задоволство што е тука во Охрид, што ќе има можност да настапува пред охридската фестивалска публика, во прекрасниот амбиент на Античкиот театар.

- Мило ми е што успеавме да го реализираме моето прво гостување во Македонија, на овој познат фестивал на кој настапувале големи имиња од светската музичка сцена, особено квалитетни пијанисти кои мошне добро ги познавам и го претставуваат самиот врв на светската елита, рече Мрвица.
За програмата на вечерашниот концерт тој рече дека е одбран пресек на неговите кросовер изведби, компилација на атрактивни дела од сите негови десет објавени албуми.

- Отсекогаш сум бил отворен кон експериментирањето во музичкиот израз и претставувањето на класичната музика. Честопати ме прашуваат дали сум класичен или кросовер пијанист, сепак ќе нагласам дека јас сум класичен музичар, кој моментално работи кросовер. Не знам како ќе свирам кросовер во некои поодминати години, единствено знам дека класиката ќе биде константа во мојот живот. Таа е едноставно вградена во мене, рече маестро Мрвица.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска изјави дека огромен е интересот во јавноста за вечерашниот концерт, не само од македонската публика туку и од странци, потврдена на социјалните мрежи, со најави за доаѓање на љубители на музичката уметност во Охрид специјално за настапот на Мрвица. /МИА

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. /МИА

Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. 

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

- Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. /МИА

притисни ентер