Генералот Џуас предупредува : Американските трупи ќе бидат надвладеани од Севернокорејските

Поранешниот Американски генерал излезе со предупредување дека , доколку избие војна, трупуте на Северна Кореја ќе бидат побројни од војниците на САД.


Амеркантските трупи ќе бидат "значително помалубројни “ од оние на Северна Кореја ако во регионот избувне копнена војна, предупреди поранешниот заменик на американските сили во Кореја.

Генерал-потполковник Јан-Марк Џуас, кој беше на таа позиција од 2012 до 2014 година, рече дека заканата на режимот е "најопасната" со која се соочил по Студената војна.

Тој предупреди дека доколку започне воена акција војниците нема да може може да ги пронајдат своите бази при напад од хемиско оружје . Забелешките, кои се содржани во писмото испратено до конгресмени , а го објави Newsweek, покренуваат прашања за одржливоста на воена опција при решавање на кризата во регионот .

Северна Кореја има околу 1,2 милиони војници.

Џуас во писмото напиша дека : "28.500 американски вооружени сили во Јужна Кореја се многу помалубројни од силите на Северна Кореја, како и заедно со јужнокорејските сили кои ќе треба да го поднесат најголемиот товар во борбите .Оваа закана е најопасна со која се соочив од крајот на Студената војна и е најголем проблем со кој се соочив во мојата 35-годишна кариера".

Писмото е испратено до конгресмените Тед Лиу и Рубен Галего и сенаторот Тами Дакворт, кои се американски воени ветерани и изразија загриженост поради пристапот на претседателот Трамп кон проблемот со Северна Кореја.

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Германија во април изнесуваше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, соопшти денеска германската Сојузна агенција за труд.

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

За априлската статистика, Агенцијата користела податоци кои биле достапни до 15-ти во месецот, пренесува порталот Wirschaftsvohe.

„На пазарот на трудот сè уште му недостига силна поддршка на економијата, така што пролетното закрепнување останува слабо“, изјави членот на управниот одбор на Агенцијата, Даниел Терзенбах.

Побарувачката за работници исто така благо опаѓа, но и натаму е на многу високо ниво.

Агенцијата за труд во април регистрирала 701.000 слободни работни места во Германија, што е за 72.000 помалку од пред една година.

Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

- Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.

Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 се предлози од бизнис заедницата

Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата, ќе ја направиме Македонија просперитетна држава за сите.

Денеска со Стопанската комора Северо - Западна Македонија имавме навистина еден квалитетен состанок.

Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората.

Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата.

Секако секој совет од реалниот сектор, секој совет кој што доаѓа од бизнис заедницата кој што се темели на реални искуства за нас е добре дојден. Човек учи додека е жив, не смееме да бидеме луѓе кои што нема да прифаќаат совети и ќе престанат да учат.

Јас сум барем човек кој што сака континуирано да разговара и низ еден дијалог сите заеднички да дојдеме до она што е за нас заедничка цел, а тоа е да имаме држава просперитетна, држава која што вистински ќе биде европска по сите параметри. Држава која што граѓаните ќе остануваат, а не да се селат. И Македонија која што ќе биде држава за сите, подеднакво буквално за сите. И држава во која што ќе можеме сите да бидеме среќни.

Благодарност до Комората, благодарност до претседателот кој што навистина секогаш кога сме имале состанок, состанокот бил во еден конструктивен амбиент, пријателски, амбиент во кој што можеме да извлечеме максимум, а потоа и сето тоа да го примениме.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕЦентар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер