Гасоводот Србија - Бугарија со гас од Азербејџан ќе биде пуштен во пробна работа

- Работата се одвива според очекувањата и е во завршна фаза. Во станицата за мерење и регулација на гас Ниш 2 веќе се работи на детали, додека работите на Трупале како најголем објект на овој гасовод се завршени, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ по посетата на работите на изградбата на гасната интерконекција Србија-Бугарија, кои се во завршна фаза, изјави дека очекува новиот гасовод да биде пуштен во пробна работа пред крајот на месецот, јави дописникот на МИА од Белград.

- Работата се одвива според очекувањата и е во завршна фаза. Во станицата за мерење и регулација на гас Ниш 2 веќе се работи на детали, додека работите на Трупале како најголем објект на овој гасовод се завршени, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа наведе дека следната недела Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе изврши контрола на интерконекцијата на гас, проверка на работите, со цел да се исполнат сите услови гасоводот да стапи во пробна работа пред крајот на ноември, како што беше планирано.

Ѓедовиќ Хандановиќ потсети дека се исполнети сите административни предуслови за испорака на гас од Азербејџан.

- Потпишан е договор меѓу Транспортгас и Булгартрансгас за гасна интерконекција. Со ова се исполнуваат договорните предуслови со сите инволвирани страни интерконекторот да влезе во пробна работа и да имаме друг извор на снабдување со гас во оваа грејна сезона, но и во иднина, што е многу важно за безбедноста на снабдувањето на нашите граѓани и економијата, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа потсети дека оваа недела е потпишан договор за испорака на гас од Азербејџан до 400 милиони кубни метри годишно до 2026 година, а потоа, од 2027 година, тие количини може да бидат и до три пати поголеми.

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

Фото: Бритни Спирс во центар на нов скандал: Покриена со јорган надвор од хотел

Според дел од светските медиуми, контроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс била видена во ноќта помеѓу 1 и 2 мај,  облечена само по долна облека покриена со јорган пред хотел.

Како што наведува „ТМЗ“, пејачката била во хотелот Шато Мармонт со своето момче Пол Солиз.

Во текот на вечерта дошло до конфликт, најверојатно меѓу нив двајца, по што некој од присутните повикал полиција, велејќи дека женско лице, кое наликува на Бритни Спирс, малтретирало луѓе и им се заканувало.

Полицијата пристигнала по 22:30 часот, но не констатирала траги на насилство и си заминала.

Изворот на ТМЗ наведува дека Бритни и Пол отишле во хотелска соба, каде продолжиле да пијат. Набрзо повторно се скарале, по што, според изворот, дошло до физички контакт, при што Бритни си ја повредила ногата.

Бритни потоа истрчала во ходникот, викајќи и врескајќи, а гостите повикале брза помош, која брзо пристигнала и успеала да стапи во контакт со пејачката, пренесува „b92“.

притисни ентер