Галичка Свадба: Крунисување на љубовта со тапани и зурли

Традицијата на мијачките свадби, ќе продолжи по 45 пат. И оваа година, во Галичник средиштето на мијачијата ќе екнат тапаните и ќе запиштат зурлите.

Знак дека започнува уште едно издание на културно-туристичката манифестација „Галичка свадба“ . Љубовта уште еднаш ќе биде мотив за сватовите да заиграат на ритамот од старата, повеќевековна свадбарска езгија.

Одржувањето на оваа манифестација е инспирирана од желбата на жителите на Галичник да ги сочуваат од заборав обичаите карактеристични за мијаците. За православниот празник Петровден се случувало и повеќе десетици двојки да се венчаат во ист ден. Причината за одржување на толку венчавки во кус период е во доаѓањето на мажите од печалба. Неретко се случувало, мажите да направат свадба и кусо време да ги напуштат своите сакани. Овој период се користел и за свршувачки, по што отпочнувале подготовките за свадба.

Како почнале петровденските свадби во Галичник најблиску се објаснуваат со стиховите на една песна која галичани често ја пеат.

Нарочува бело Менде, порочува:

„Како знојеш, аџи Павле да си дојеш“.

Да си доеш, аџи Павле пред Петровден,

пред Петровден, аџи Павле, две недели.

Ако не доеш, аџи Павле, пред Петровден,

ќа го најеш бело Менде оможено.

Овие стихови воведуваат во традицијата на заедница која со векови опстојувала во планинските предели на западот од Македонија. Самата свадба и обичаите биле предмет на многу истражувања, како култоролошки така и етнолошки и отсликува еден дел од животот на мијаците.

Манифестацијата „Галичка свадба“ има традиција од 55 години, поточно првата се одржала во 1963 година. По одржаните две, има прекин сé до 1973 година од кога се одржува редовно. Во 2001 година за време на вооружениот конфликт, пред чешмата „Упија“ беше изгирано само „Тешкото“ заради актуелната состојба во земјата.

Во разговор со хроничарот Киро Кипровски кој е едниствениот што како новинар ги забележал сите изданија на Галичката свадба се навраќаме повеќе од половина век наназад до покренувањето на иницијативата за ваква манифестација.

- Оваа идеја почнува во време кога иселувањето зело драматични размери. Тогаш, група галичани фанатично вљубени во родното место се организираат за да го вратат духот и животот. Во1962 година беше формиран иницијативен одбор, кој осмислува туристичка културна манифестација која ги негува и на јавносга и ги презентира изворните народни песни, ора, свадбарските обичаи и ритуали и рачно работената носија. Со еден збор, сé што е вредно, автентично да им се пренесе на младите генерации, вели Кипровски.

Одржувањето на првата свадба ќе биде забележано од тогашните медиуми. Еден од насловите по одржаната „свадба“ гласи „Спектакуларни ритуали“, бидејќи тогаш биле изведени оригиналните обичаи што се правеле отсекогаш, а на поголемата јавност не и биле познати. Во аналите на хроничарите стои дека на првата свадба имало над 4.000 гости кои одблизу ги виделе свадбарските обичаи на мијаците. На второто издание дошле многу помалку, со оглед дека на 12 јули 1964 година, времето не било наклонето и врнел пороен дожд. Малата посетеност била условена и од лошиот пат низ Бистра. Од тие причини, нагласува Кипровски организаторот решил да прави пауза во одржувањето на манифестацијата сé додека не се асфалтира патот Маврово – Галичник.

По пауза од десет години, во1973 година откако асфалтот стигна до селото „Галичка свадба" е обновена.

Заради иделошките разлики и влијанието тогашните власти, венчавки не се одржувале, па така галичкиот „зет“ и невеста“ биле само статисти. Вистинска свадба со венчавка се одржува првпат во 1991 година. На 21-то издание на „Галичка свадба", повардарскиот митрополит г. Михаил ги венча зетот Антонио Пендаровски и Весна Мицевска во црквата „Св. Петар и Павле". Околу изборот на младенците, што го прави советот на месната заедница, има едно правило кое се смета како предност, а тоа е во пријавениот пар еден да биде со потекло од Галичник.

Обичаи преточени во атракција

Од традиционалната свадба, пред посетителите и гостите се изведуваат триесетина обичаи. Во нив учествуваат околу двесте лица со различни задолженија. Во текот на двата дена од манифестацијата, посетителите можат да проследат автентични свадбарски обичаи и ритуали проследени со изворни свадбарски песни карактеристични за овој крај од Македонија. Традиционално, почетокот на свадбата се означува во сабота со поставување на свадбарсккот бајрак и симболичниот чин на „фрлање“ три пушки од куќата на зетот (вила „Доста“). Неговата мајка ги дочекува семејството и роднините со домашен леб и со ќуп во рацете, а потоа го води „Свекрвиното оро.

Вечерта има една импресивна слика кога зетот, кумот и други пријатели носат запалени факели до куќата на младата. Тоа симболично го означува терањето на демоните што би можеле да го следат младиот пар. Свитата со факелите го осветлува патот до трите чешми, каде младата за последен пат како немажена ги полни бокалите со вода. Утредента се канат мртивите на гробишта и се оди до куќата на кумот од кого младенецот бара благослов. Највпечатлив обичај е бричењето на зетот што означува не­гова трансформација од момче во човек. Потоа следува потстрижување. Во неговата потстрижена коса се става дукат, како симбол на богатство и потомство.

По овие обичаи следува одењето до куќата на младата. Таа облечена во традиционална га­лич­ка носија, го дочекува младенецот на балконот од нејзината куќа. Тогаш таа изговара, гледајќи низ прстенот: „Низ прстен те гледам во срце да ти влезам“ . Качена на коњ младата заминува во куќата на нејзиниот иден маж. Свекрвата со сито, погача и бокал со вино ја дочекува невестата, која слегува од коњ и по прострената литовина влегува дома. По венчавањето во црквата „Св.Петар и Павле“, невестата се носи на вода на чешмата „Упија”, потоа се изведува невестинското оро, ги дарува најблиските, се крши „шутката” и по завршувањето на свадбарските обичаи тапаните и зурлите ги испраќаат најблиските роднини.

Особено впечатлив белег на целата манифестација претставуваат колоритните носии на сите учесници во свадбената свеченост. Учесниците го имаат само тој услов, да бидат облечени во автентична галичка носија за учество во „Галичка свадба“. Посебна атракција е и невестинската носија која сама по себе е уникатна. На неа преовладуваат белата, жолтата и црвената боја и доминантен е богатиот вез распореден на ракавите и на предниот дел од кошулата. Составен дел од невестинската носија е и накитот изработен со филигранска прецизност и уникатни златни и сребрени елементи. Сиот комплет може да тежи и до 30 килограми.

„Галичка свадба“ меѓу деветте фестивали во Европа кои мора да се видат

Со ваков наслов влијателниот „Њујорк тајмс“ годинава ја препорачува Галичката свадба, а за нејзниот значење и оригиналност напишани се многу текстови, објавени фотографии во светски магазини, видео записи, специјални емисии. Постојано го посетуваат странски дипломати, државници и познати личности. Со години нананзад, како покровители се јавуваат премиери, претседатели на државата, собранието.

За оваа манифестација врзана е и една ангедота, која заради „чувствителноста“ била сокриена од окото на јавноста во средината на осумедестите години. Локалниот жител познат како Негре маршалот (носел многу значки на палтото), пред почетокот на свдабата на влезот од селото го запрел автомобилот на грчкиот амбасадор и од патниците ги побарал пасошите. На прашањето зошто му се потребни, Негре рекол дека треба да побара дозвола од кметот за нивниот престој. По половина час тој им ги вратил пасошите и им порачал дека може да останат во селото колку што сакаат. Набрзо се разбрало за настанот, по што безбедносните служби го привеле. На прашањето зошто го направил тоа, Негре ладнокрвно им одоговрил дека тоа е реванш, бидејќи чекал да му издадат виза за влез во Грција.

Вековна традиција-Во еден ден и педесетина свадби

Во белешките на хроничарите за Галичник и традицијата врзана за петровденските свадби се наоѓа податок дека во 1921 година, пред олтарот на црквата „Света Петка“ во Галичник застанале 51 брачна двојка. До средината на педесетите години, имало по триесетина венчавки. Потоа со губењето на економската моќ и миграциите Галичник - најголемото село на Балканот, како синоним на изреката „Галичник село големо, в Станбол на чутук пишано" опустошува. Во најдобрите време, пред Втората светска војна биле регистрирани околу 6.000 жителии и 800 куќи. Главна дејност им било сточарството и трговијата со волна, сирење, кашкавал. Сега, во селото постојано живеат брачниот пар Борка и Павле Лукановски кои оваа година прославија 55 години заеднички живот. Со топењето на снеговите, овој крај го живнуваат пензионерите и вљубениците во Галичник кои престојуват преку лето.

Оваа година судбоносното „Да“ во живописниот Галичник ќе го кажат невестата Тања Лепческа, која е по потекло од Галичник, и младоженецот Златко Димовски. Тие ќе бидат главните протагонисти во рамки на годинешното 45-то издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“.

Со почетокот на „Галичка свадба“, почнува и „Галичкото културно лето“ кое официјално почна на платото пред чешмата Упија, со настапот на Влатко Стефановски и оперската певица Весна Ѓиновска Илкова и групите „Тоа е Тоа“ и „Бенд Офф“.

Со програмата за годинешната „Галичка свадба“ предвидени се и дополнителни забавни и музички содржини. Првпат, од сите локации каде се одржува манифестацијата ќе се емитува „лајв стрим“, односно пренос „во живо“, што ќе може да се следи на LED дисплеј поставен на платото пред чешмата Упија, како и преку интернет, на социјалните мрежи./МИА

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио со гладот

Досега неисполнетите барања на меѓународната заедница мора да се исполнат: Резолуцијата 2728 мора да се спроведе целосно и веднаш. 

Според шефицата на Светската програма за храна (ВФП), Синди Мекејн, во Газа се оствари сценариото од кое најмногу стравуваме - има целосен глад на северот и тој се шири кон југот, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

- Досега неисполнетите барања на меѓународната заедница мора да се исполнат: Резолуцијата 2728 мора да се спроведе целосно и веднаш. Итно е потребен прекин на огнот, за да се ослободат заложниците и да им се олесни состојбата на оние кои гладуваат, наведе Борел на Икс.

Тој нагласи дека недвосмислено го осудува лансирањето ракети од страна на Хамас и Исламски џихад кон израелската област Керем Шалом.

- Израел се уште има целосна обврска да одобри целосен, безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош на оние на кои им е потребна. Заедно со комесарот (за управување со кризи) Јанез Ленарчич ја поздравуваме незаменливата работа спроведена од страна на УНРВА и сите агенции на ОН, додаде Борел во објавата.

Луке Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја

Муса Куса беше либиски разузнавач и подоцна еден од најактивните министри за надворешни работи на режимот на Гадафи. 

Тој беше ревносен бранител до последниот час на сите политики на системот, но пред да падне Гадафи го напушти и подоцна замина во егзил, прикажувајќи се за жртва, но и бранител на прозападните вредности против кои се бореше кога беше на државна функција. Во реалноста, ниту режимот на Гадафи го почитуваше и истиот го сметаа за грешка, ниту пак западните држави го сметаа за релевантен борец против тоа што Гадафи го претставуваше. Ова го пишувам затоа што многумина од власта, кои до последниот час го бранат неодбранливото, потребно е да го видат примерот во кој безмалку се претвараат, кога налудничаво произведуваат лаги, шпекулации и наметнуваат погрешни претстави.

Потребно е човек и во поразот да биде достоинствен, но очигледно овие денови истите оние кои се причина за тоа народот да биде незадоволен го загубија и тоа малку достоинство што им остана.

Како одговорен за Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и за кампањата, се чуствувам повикан да одговорам на сите оние прозивки кои во последно време доаѓаат од ДУИ и Бујар Османи дека кампањата и слоганот биле шовинистички, или пак оние од СДСМ дека Македонија повторно твоја, значело враќање на некаков режим… И сочекав да видам дали е ова најдоброто што можат да го произведат, но очигледно, тоа е единственото нешто што и можеа да го кажат, во отсуство на реален наратив.

Тврдењето на домашниот Муса Куса во обликот на Бујар дека ВМРО-ДПМНЕ има шовинистички слоган потекнува пред сè поради различното поимање и гледање на Македонија. Тој, на државата која го плаќа гледа како за туѓо ткиво, терајќи етноцентрична агенда која гледаме дека завршува во милионски грабеж грубо злоупотребувајќи ја судбината и на Албанците и на Македонците. А ние на Македонија гледаме како на наше единствено парче земја, едно исто небо, кое ги обединува сите луѓе што живеат во неа. И практично, Македонија повторно твоја е огледалото на неговата немоќ да се спротивстави на концептот кој го надминува она што досега го претставуваше ДУИ, партија која ја монополизираше темата, но и ја киднапира слободата да се говори за правата на Албанците од еден поинаков неполитички и чисто граѓански апсект, ним многу поважен. Затоа што, на крајот кога ќе се сведат сметките, не е важно колку Артан или Бујар ќе повторат ЕУ, ЕУ, туку колку ќе може народот да си ги плати сметките и да обезбеди пристојна живечка за своите семејства.

И ќе треба да им објаснат на Албанците како е можно тие да живеат со 200 денари на ден, а Артан и Бујар со по 2000 евра на ден. И колку да ја продуцираат темата на поделба на граѓанското ткиво и да јаваат на бранот на Македонци и Албанци, на западна и источна Македонија, на лев и десен брег на Вардар во Скопје, иако звучи клише, тие зборови ја потврдуваат вистината и овој пат дека нема ваша и наша, нема сдсмовска, вмровска, има само една Македонија.

И освен граѓаните ја злоупотребија и довербата на партнерите на државата кои и мислат добро на земјава, затоа што тоа е и систем на вредности и начин на живот, каков ние немаме и како оваа власт во заминување нема ниту намера да има и да застапува. Тоа го бараат и граѓаните. Власта кога ќе каже ЕУ, мисли на завеса со која го покрива срамот од криминалот, ние кога ќе кажеме ЕУ мислиме на вредности за кои ќе се бориме со аргументи и работа.

Што се однесува до тврдењата на СДСМ за наводно повторно враќање на режимот, за некакви си епски битки и отпор на СДСМ, од кои на крајот се сеќавањата за протестите за заштита на пеперутките во Пештани, кога денес молчат за Онкологија, а тогаш кога протестираа за кучето Идриз, кога денес молчат за 14 живи изгорени во модуларната болница во Тетово, Венко им е визионерот и најдобриот избор во 4та ИЕ, а тогаш протестираа за малечката Тамара, и тогаш кога славеа за укинатата радиодифузна такса, а денес кога си подмолчуваат за двоцифрената инфлација. И тогаш кога велеа дека ја бранеле слободата, а денес кога отворено се караат и се пресметуваат со медиуми и новинари… таквото лицемиерие секој ден одново им се удира од глава.

Исто како што е лицемерие да се говори за режим, а толку гласно, ревносно, со воодушевување и изразена насмевка на лицето како стрип јунак од Монти Пајтон, Ковачевски аплаудираше на отворањето на новата зграда на Стариот Театар. Исто како што е вештачка и неприродна наметнатата амнезија дека ДУИ, денес најдобриот партнер на СДСМ, тогаш беа власт во тој период и се дел од сите одлуки врз кои денес го градат тој мит. И на крајот, ставовите за борба против некаков режим, седум години потоа, се тотално ирелевантни, затоа што вистинското и суштинско прашање е како се живее денес. Проблемот е што денес 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден, системот што е создаден да служи на народот, служи на стотина луѓе од власта.

И го немате правото за да говорите за слобода и демократија, затоа што во времињата кога најмногу говоревте за правда и право, тогаш најмногу крадевте и во исто време ја газевте правдата. Затоа што го посеавте семето на злото, и тоа во моментите кога малтретиравте стотина луѓе по судови, кога внесувавте прво во пртивори, а дури потоа измислувавте обвиненија, и кога главните ликови на криминалот се нечепнати, а лисиците на обични граѓани го викавте „еве дојде живтот“. И за себе ја задоволувавте суетата, а го храневте гневот кај сите останати кога малтретиравте луѓе со милион истраги од кои не произлезе ништо, и тогаш кога се удиравте во гради дека ќе ја згаснете ВМРО, а вашите апологети безобѕирно го хранеа вашето его ситејќи се над туѓите несреќи. Прашајте ги и тие луѓе од медиумите кои ги малтретиравте со истраги и обвиненија, кои ги етикетиравте и бесрамно жигосувавте, а и тие кои тогаш силно ве поддржуваа дали ги направивте вистински среќни или по малку направивте да се срамат од вас. Да не зборувам оние кои пак грубо и денес ги злоупотребивте и на кои гледате како на производна машина за лажни вести од вашиот штаб.

Затоа и жестоко ќе изгубите. И нема да ве спасат не само некакви фалсификувани документи или оперативни планови со кои влеговте во кампањата, ниту 100-тина Асафци или какви и други мешетари кои ви даваат совети од кои треба да си ги побарате парите што ви ги земале, затоа што оваа ваша кампања не само што има спот во кој Ковачевски го промашува голот, туку во својата суштина со своите пораки жестоко го иритира народот и го потсетува зошто треба да ве казнат.

И не заборавајте, бранот што сега ви се случува започна и во моментите кога пред неколку години неколкумина од нас ви протестираа на улиците за штетните договори а вие молчевте, кога ВМРО правеше маршеви и велеше не го слушате народот, државата ја уништувавте, а вие седнати во авиончето лажевте дека сте донеле датум за преговори. Почнавте да паѓате кога арогантно започнавте да се карате и со медиумите, кога мислевте дека можете да удрите и по образованието, да крадете и од печатење на учебници кои ги нема, и да оставате пациенти без лекови и да ги малтретирате докторите и дека сево ова ќе помине. Чекајте го бранот на промени, тој ќе дојде на 8-ми.

И тој револт на народот нема да биде само поради купувањето на Соравија од голобрадо дете, или поради делењето на шамарите во контролата на летањето. Ова се само последните скандали во редицата скандали и криминали поради кои ќе паднете. А имаше безбројно многу. Револтот е и поради името, и поради договорот со Бугарија, и поради модуларната болница, и поради тендерите во РЕК, фалсификуваните пасоши, поради крвавите раце на министрите во здравството… Сметката е отворена, а наплата се собира.

Македонија повторно твоја е и концепт кој укажува на тоа дека државата создадена за народот во моментот ја нема, не функционира и е киднапирана од стотина политичари на ДУИ и СДСМ, а сите останати се од втор ред. Овој концепт е едноставна рефлексија на тоа што е гола реалност, но и дека ВМРО-ДПМНЕ мора да учи од грешките на сите минати власти и не смее да ги повторува, затоа што народот не смее да се изневери. Овој концепт го нуди сето ова, додека власта не го согледува бидејќи е длабоко забраздена и надвор од реалноста.

Народот е мудар и доаѓа време на надеж и верба во принципи и вредности кои мора да победат. Испораката е на 8-ми мај. Останете така. Следува одговорност. Сигурно е само дека Македонија се враќа кај народот.

Отворено писмо до јавноста од Луке Галески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ВМРО-ДПМНЕ.

Осум каратисти на Макпетрол ќе учествуваат на Европскиот шампионат во Хрватска

Осум членови на карате клубот Макпетрол ќе се натпреваруваат на најсилниот турнир на континетот што ќе се одржи во Задар од 8 до 12 мај. 

Тие изминативе денови одржаа интензивни подготовки во Струга, а по нивното успешно комплетирање, заминаа за Хрватска.

Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.) За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ.

Сите горенаведени натпреварувачи, кои ќе настапат во поединечна конкуренција за македоднската препрезентација се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар.

- Во реализацијата на програмата за успешна подготвеност, нашите сениори од самиот почеток на годината, учествуваа на сите највисоко рангирани првенства и светските карате премиер лиги. Завршните подготовки, исто така, се многу значаен сегмент за правилно темпирање на формата, како финален дел од планот за подготвеност на спортистите за овој шампионат. Со малку спортска среќа, која секогаш е неопходна, очекуваме да имаме и добар настап на ова највисоко рангирано континентално првенство за оваа година, изјави Бошко Заборски, тренер на Макпетрол.

На Европското првенство во Задар, пријавени се 600 спортисти од 50 држави.

притисни ентер