Тој попладнево се очекува да ја достави својата оставка во Елисејската палата до претседателот Емануел Макрон, откако вчера со мнозинство гласови му беше изгласана недоверба во парламентот.
Вечерва се очекува обраќање на Макрон, кој би требало да назначи нов премиер, а според дел од политичките аналитичари очекувањата се тој да повика на смиреност и да увери дека државата е стабилна, иако велат, почитичката криза во земјата се продлабочува, а се бара и негова оставка.
Политичките потреси во Франција, која се смета за еден од двата лидери на ЕУ доведоа до дополнителна загриженост во еврозоната која стравува од последици, откако колабираше и германската владина коалиција поради слабата економија. Според експертите, станува збор за нестабилни политички времиња, кога е од нужна потреба обиденет и силен европски фронт.
-Ова ја поставува Европа во тешка позиција, бидејќи во време кога ЕУ навистина има потреба од стабилност и има потреба од некоја форма на лидерство е во ситуација кога ниту Франција ниту Германија немаат влади, а ова се двете земји кои се најодговорни за поставување на правецот на евроинтеграциите,-д-р Марта Лоример – политиколог – универзитетски професор.
Француската влада падна со поддршка на левицата и екстремната десница, кои заеднички постигнаа консензус од 57% во парламентот за соборување на Берниер. За лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, изгласанта недоверба не е триумф, туку нужна потреба.
-Не се занесувам и не го сметам ова за победа, требаше да направиме избор, а изборот кој го набравиме е да ги заштитиме граѓаните на Франција,-Марин Ле Пен.
Изгласаната недоверба за Берние и неговиот кабинет, според странските медиуми предизвикуваат нови политички превирања, што ја ставаат Франција без јасен пат на усвојување на нов буџет и се заканува дополнително да ги разниша финанските пазар. Други пак пишуваат дека е можен финански армагедон.